Славица до шоферот Ѓорги: Кочи мајсторе, крени рачна – чекај тета Цаци сега да ти каже два три збора

  • By admin
  • октомври 9, 2022
  • 0
  • 273 Views

Пред неколку дена на нашиот сајт објавивме сторија за шоферот на автобус Ѓорги кој сподели со какво искуство се соочил неодамна.

Овој текст привлече голем број реакции од читателите, имаше доста поделени и различни мислење. Некои го оправдуваа, некои не, а имаше и такво кои беа воздржани.

За потсетување, шоферот Ѓорги во дел од своешто сведоштво кажа – Низ годините наназад сум бил сведок на најразличен вид пратки што нашите од тука ги испраќаат за своите во дијаспората, но пред некој ден и јас останав без текст кога видов што праќаат.

Доаѓа кола пикап, ми велат здрав, здраво, сакаме да испратиме до Германија една пратка. Им велам во ред, толку и толку е цената од куфер, кутија, ќеса, вреќа.

И овде почнува муабетот. Ми велат, аа не, ништо од тоа не е. Им вела е што е ајде баш да видам. Ме водат до колата, го отвараат багашникот и има што да видам.

Две буриња од по 40 литри. Буквално останувам без текст и низ глава ми помина еден куп работи. Пробувам да останам професионален и прибран и ги прашувам, а што тоа има. Ми велат, во едното е туршија, а во другото ставивме тегли со ајвар, пиџур, компот и мармалад.

Веднаш културно им објаснувам дека нема шанси ова да го качам во автобус, едноставно неизводливо е. Почнуваат да ме разубедуваат, ќе платиме, па зошто да не, – ги праќам кај газдата каде што го добиваат истиот одговор.

Како што споменавме овој текст привлече голем број реакции, а една од нив решивме да ја споделим со вас, а истата доаѓа од нашата читателка Славица.

-Внимателно го прочитав текстот, не еднаш, туку на два наврати. Си велам ајде да искулирам, да си притраам и да си го задржам мислењето за мене, ама не, не ми дава нешто од внатре.

Епа вака, јас сигурно десетина пати сум одела на сезонска работа во Италија. Кога мислам сезонска, тука спаѓа и чување на внуците за да снаата и синот одат на работ, но и сум работел на лозје, на јабуки директно.

Сум се возела со автобуси од неколку компании и сум имала искуство со најразлични шофери, па горе доле можам да го проценам. Лично не го знам шоферот Ѓорги, ама си земам право да му одговорам.

Господине, читам не си сакал да ја ставиш пратката во автобусот што е легитимно право, ваша сопственост (на газдата) ваши правила и тоа е така.

Ама ај да не се правиме „на тошо“ и да замижуваме кога знеме сите дека вие шоферите си вадите уште една дневничка плус од екстр услугите, тука мислам на работите што ги носите.

Не се правете така поштени и чесни, си одбил пратка, си одбил и крај прича, што тоа корист имаш да споделуваш со јавност, као демек нешто големита продаваш.

Обработил: А.Л. Фото: Илустрација.

Авторски текст кој не смее да биде објавен или превземан без дозвола од редакцијата на Кластер.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.