Горан Сурловски од скопско Радишани е 50- годишен маж кој бо ледува од мусклна дистрофија и вели дека инва лидите како него се отфрлени од опшеството, фамилијата и опшеството, а својата приказна ја раскажува во емисијата ,,Срце на дланка”
Тој бил роден како здраво машко дете, но по неколку месеци, ќе му се случи една не среќа која ќе му го промени животот засекогаш.
– Бев активно дете, како што ми кажуваа моите сум си играл и да се сокријам од мајка ми, сум паднал во подрумот и од тогаш настанаа сите проблеми.
– Завршив средно училиште, дизајни и ентериер. Си играв со моите врсници, но имав големо разочаување кога ќе се обидев нешто да направам и не успевав, а моите врсници можеа.
– Се чуствував поразлично од другите како да немав енергија и полека се затварав во мене, порано ме сакаа сите, но во последните 10 години да кажам скоро никој.
– А најмногу од се е тешко кога ќе те офрли родениот татко, имаше моменти кога татко ми толку ме мразеше, што сакаше да ме нема.
– Татко ми имаше авантури со мојата стрина со која има вонбрачно дете, јас не му значев ништо а тој го сакаше само него и ме бркаше од дома.
– Откако се случило тоа со мене на десет месеци, после некој период тој сакал да се ослободи од мене, па за среќа тука биле комшиите кој ми помогнале и ми дале вештачко дишење, вели Горан.
Горан смета дека токму неговото семејство е причина за тоа што тој се уште нема семејство, па така решил својата гаража да ја пренаими во дом за живеење.
– Постепено по татко ми започна и мојто семејство некако да ме дови, сестра ми започна да ми љубомори не ми дозволуваше да основам семејство, решив гаражата да си ја направам соба за живеење.
– Мајка ми пак мене ме смета како кираџија, не како свој син, ја немам таа слобода во мене, тоа мене ме повредува, тешко ми паѓа добивам често понижувања и кле тви.
Горан склучил пос мртен нотарски договор во кој гласи дека по неговото заминување од овој свет, неговите органи ќе се донираат, а за возврат државата да му овозможи услови за дом и еден ден да има некој во животот кој ќе го наречен ,,тато”
,, Осамен сум, моите врсници и другари се испоженија, има многу денови во кој не сум зборувал со ниту еден човек, вели овој тажен човек.
,, Цел живот ми е заклучен најмногу поради тоа што немам поддржка од најблиските, немам никаква љубов од родителите, а тие ми го посакуваат најлошото.
Доколку сакате да му помогнете на Горан на било каков начин тоа може да му се обратите на телефонскиот број 077818250