Симеон, синот на Есма се исели од Македонија – откри каде започнува ново поглавје во животот

  • By admin
  • јули 27, 2022
  • 0
  • 412 Views

Kралицата на ромската музика и македонски амбасадор ширум светот, Есма Реџепова остави значаен белег, кој од општ впечаток може да се каже дека доволно не се почитува и цени.

Таа пред се беше голем човек, хуманист кој помагаше на секаде каде ќе беше потребно, но сега сведоцит сме што се случува со нејзиното дело и тоа што е оставено од неа.

Во медиумите често се огласува нејзиниот син, Симеон Атанасов кој се залага нејзиниот лик и дело, како и она што го остави да излезе на виделина.

Симеон кој и самиот е музичар, поточно хармоникаш изминатите години често се огласуваше во медиумите се со цел да го зачува ликот и делот на Есма.

Атанасов често се огласуваш е на социјалните мрежи и отворено без „влакна на јазикот“ збореше против актуелната власт во Македонија.

Сега Симеон се реши за значајна промена во својот живот откако реши да се спакува и да се исели од Македонија за што напиша на својот профил на фејсбук.

„Официјално започнувам ново поглавје во мојот живот“ напиша Симеон и притоа означи дека е во Австрија, Виена.

Оваа информација лично во интервју за Фокус.мк ја потврди музичарот и меѓу другото потенцираше дека му е жал што морал да си замина од Македонија, но едноставно бил раз очаран од она што се случувало во изминатите години.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.