Се помалку и помалку мерки во Швајцарија – од вчера ново големо олеснување

  • By klaster2
  • април 2, 2022
  • 0
  • 338 Views

Како и кај нас така и во светот полека но сигурно рест рикциите поврзани со корона вирусот се намалуваат или укинуваат.

Кај нас беше донесена одлука дека маските не се задолжителни во училишните организации и дека студентите се враќаат во клупите.

Бројките на новозаразени опаѓаат па и очекувано е да се намалат рестрикциите и конечно послед долга пауза да се релаксираме.

Швајцарија, земја каде што има доста нашинци на привремена или постојана работа, донесе одлука со која се олабавуваат мерките.

Швајцарија од петок, вчера ги ук ине последните мерки на ограничувања против вирусот по одлука на владата на последната седница

Според соопштението на швајцарската влада, се уки нува обврската за носење маски во јавниот транспорт и здравствените установи.

Како и обврската за петдневна самоизолација по позитивен тест, пренесува Ројтерс. Се додава дека одговорноста за контрола на коронавирусот ќе биде предадена на локалните власти.

„Благодарение на високото ниво на имунизација на населението, нема значително зголемување на бројот на пациенти со вирус

на одделенијата за интензивна нега во последните недели, иако бројот на заразени повторно е зголемен во меѓувреме“, се вели во соопштението.

Исто така, како што се наведува, постои мала веројатност за за кана по јавното здравје во наредните месеци, па од тука и овие олабавувања.

А се додава дека не може со сигурност да се процени натамошниот тек на пандемијата на вирусот. Се наведува и дека корона ви русот најверојатно нема да исчезне, туку ќе стане ендемична бо лест.

Бројот на нови случаи во Швајцарија остана висок во последните денови, при што денеска се пријавени повеќе од 16.462 нови случаи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.