Се огласи македонската амбасада во Германија – сподели убава вест за нашинците таму

  • By admin
  • февруари 4, 2022
  • 0
  • 555 Views

Од македонската амбасада во Германија денес се огласија до јавноста, а во нивното соопштение се вели:

Амбасадата во Берлин информира дека за нов пасош во Берлин заклучно до 31.01.2022г. се сликале вкупно над 665 лица, вклучително околу 130 во месец јануари 2022г., а за нив досега од МВР се издадени и доставени во Амбасадата за подигнување околу 530 пасоши, а речиси 500 граѓани веќе си ги подигнале новите пасоши.

Во очекување сме и на нова пратка готови пасоши за кои, веднаш штом пристигнат Амбасадата ќе ги извести засегнатите странки.

Амбасадата укажува дека веќе се врши тековно закажување термини за месец февруари и март 2022 година и апелира засегнатите македонски државјани кои живеат во Германија на конзуларното подрачје на амбасадата во Берлин (Берлин, Бранденбург, Бремен, Тирингија, Саксонија, Долна Саксонија, Саксонија-Анхалт, Хамбург, Шлезвиг-Холштајн и Мекленбург-Западна Померанија), а на кои им истекува важноста на пасошите во 2022 година, навремено да поднесат барање за термин со цел што побрзо да добијат нов пасош.

Потребно е на [email protected] да се испрати слика од стариот пасош и мобилен телефон за контакт по што во краток рок ќе бидат известени за термин.

Согласно информациите од колегите во Генералниот конзулат во Минхен, заклучно до 31.01.2022г., на нивното територијално-конзуларно подрачје во Германија (Баварија и Баден Виртенберг), за нов пасош во Минхен се сликале вкупно 705 лица, вклучително околу 200 во месец јануари 2022г., од МВР досега се издадени и доставени за подигнување вкупно околу 500 пасоши, а над 410 граѓани веќе си ги подигнале новите пасоши.

Во очекување се и на нова пратка готови пасоши за кои, веднаш штом пристигнат ќе ги известат засегнатите странки.

Од Генералниот конзулат во Минхен информираат дека целосно завршиле со реализацијата на заостанатите барања од минатата година, и преминале во тековен режим на закажување термини за сликање за нов пасош и веќе се закажуваат термини за наредните месеци и апелираат засегнатите македонски државјани кои живеат во Германија на конзуларното подрачје на Генералниот конзулат во Минхен (Баварија и Баден Виртенберг), а на кои им истекуваат пасошите во 2022 година навремено да поднесат барање за термин со цел што побрзо да добијат нов пасош.

Потребно е на [email protected] да се испрати слика од стариот пасош и мобилен телефон за контакт по што во краток рок ќе бидат известени за термин.

Согласно информациите од колегите во конзуларното одделение во Бон досега се сликани околу 1000 странки и издадени 855 пасоши.

Во изминатиот период, колегите во Бон макотрпно работеа согласно расположливите капацитети и можности за да се справат со заостанатите барања од минатата година, кои сеуште не се реализирани до крај, и кои по едно-и-пол месечната пауза, заради преселба во новите простории на конзулатот на ул. Am Michaelshof 4a, кат 4, 53177 Bonn, во центарот на населбата Бад Годесберг во Бон, ќе продолжат да се реализираат од следната недела.

Конзуларното одделение во Бон со својата територијална конзуларна надлежност покрива територии со најголема македонска дијаспора (Северна Рајна-Вестфалија, Рајнска област-Пфалц, Хесен и Сарска област) и од таму замолуваат за трпение во однос на времето за добивање одговори за термини за пасоши и други конзуларни услуги со напомена дека работат со 100-тици странки секојдневно (не само со пасоши, туку и издавање патни листови, постапки за аплицирање и подигање отпусти од државјанство, изводи, заверки на изјави и документи и др. конзуларни дејности и 100-тици мејлови дневно). Термини се закажуваат на: [email protected].

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.