Сања Лукаревска е актуелна директотка на Управата за јавни приходи. Дипломирала на Правниот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2005 година.
Својата професионална кариера ја започнува во УЈП во 2006та година Помлад инспектор во Регионална Дирекција Скопје, за после 11 години да стигне до позицијата директор на УЈП. Инаку Лукаревска е ќерка на познатиот македонски актер Ѓокица Лукаревски.
– Мислам дека ми се промени нормалното функционирање. Секој којшто доаѓа на функција сепак и дел од приватноста му трпи, семејството, најблиските трпат, времето трпи но наоѓам одреден баланс меѓу приватното и професионалното.
Со колегите сакам да го одржам пријателски односот затоа што по завршување на директорската позиција кога би дошло време јас треба пак да се вратам во биората и сметам дека треба да сме луѓе и да останеме такви.
Работиме совесно, одговорно, чесно а после тоа може да излеземе на кафе на ручек. Доста достапна сум да ги сослушам да им помогнам, многумина можеби ќе речат дека сум престрога или принципиелна, но функцијата во којашто работиме е еден столб на државата и мора да сме на ниво на задачата.
– Веројатно би променила нешто, одредени навики, принципи на функционирање затоа што едно е тоа како сме воспитани од дома, едно е тоа како ги сфаќаме работите како што треба, а друго е она коешто го гледаме во реалноста.
Мислам дека во денешно време домашното воспитување и скромноста во ова време се хенд икеп, не претставуваат доблест за разлика од некое друго однесување кое можеби повеќе е ценето, а тоа не треба така да биде, вели Сања.
Сања е активна со спорт од почетокт на оваа година, се грижи да го задржи спортскиот дух заради стресната работа па почнала со вежбање кик бокс.
– Многу е битно и од здравствен аспект да може да се извади стре сот, онаа негативна енергија, обично избегнувам токси чни луѓе.
Лукаревска денекса, 12ти јули слави роденден, па во склоп на гостувањето за емисијата Шоу Магазин се наврати на нејзиниот живот и искрено кажа дека не е задоволна со она што досега го има постигнато.
– Мислам дека има уште многу работи кои треба да ги завршам или сум требала претходно да ги завршам, времето е пред нас, изјави Лукаревска.