Санела од Велес низ солзи раскажува: Најтешко ми е за детето, немам како да го исчувам, а тој не може да се грижи за себе

  • By klaster3
  • јули 3, 2022
  • 0
  • 567 Views

Санела Каришиќ уште од мала ја почувствувала не милата страна на животот. На 17 години го губи својот татко и целиот живот потоа го минува во тешко.

Проб лемите почнуваат, а излезот од нев олјата, како што вели Санела, мајка и го гледала во тоа да ја омажи млада. Се омажила во едно велешко село и добила две деца.

– Детството ми беше тешко, останав на 17 години без татко и таму живеев со ма ки а и тука со ма ки. Не живеевме сиромашно но без татко не е лесно.

Јас се омажив на 19 години во Оризари, велешко и бетер судбина имав.  Создадов семејство, но после 10 години сопругот почна да се влече со други, да ме малтре тира.

За жа л синот од шестиот месец се разб олува од ау тизам и цере брална парал иза, па Санела е спречена да биде самостојна. По некое време сопругот донел нова жена под покривот, а почнал и да ја тепа.

Затоа, Санела е приморана да замине заедно со синот со попреч еност без денар помош, а другиот син и го зел сопругот. Шест години одат од куќа во куќа и во сивило го минуваат времето.

Оваа жена веќе шест години е сама со своето болн о дете за кое нема пари да го нахрани. Зема само 10.000 денари социјална помош од кои мора да плати за кирија, сметки, храна и лекови.

Долгот за струја и изнесува 20.000 денари. Синот има 21 година и се уште носи памперс, може да оди, но не зборува, како што вели Санела, ниту еднаш не ја нарекол мамо.

За жа л оваа 43-годишна жена не може ни да се вработи некаде затоа што синот не знае сам да се грижи за себе, а и самата е во лоша здравствена состојба.

Не може да го остави синот Јасмин ниту минута, зашто тој прави не свесни потези. Мора и да го заклучува фрижидерот во кој тенџере со сварен грав чува со денови за да јаде синот.

Живеат во куќа со влага, а зимата ја поминала спиејќи на подот, зашто на малиот кревет со душек спиел нејзиниот син.

– Немам со што да купам храна. Нема кој да ми помогне. Побарав помош од државата за социјален стан, ме одбија. Заглавив со сметки, немам како да ги платам.

Ќе ме избркаат од куќава, а, каде ќе одам со моево дете, ќе останам на улица … Најтешко ми е за детето, немам што да му подадам, немам како да го исчувам, низ солзи раскажува Санела пред камерите на Срце на дланка.

Има денови кога јадат само леб и сол зашто немаат што друго. Затоа Санела единствено се надева на помош од народот за да може да го спаси и својот и животот на своето дете.

Доколку сакате да и помогнете на Санела и нејзиното семејство, тоа можете да го направите на следниот телефонски број 071/308735 или следнава жиро-сметка 210501628103630

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.