Ритко Мемедов од Битола, попознат како Ритко Мдфк на Јутјуб не се крие јавно да признае дека е од ромската заедница со што се гордее.
Пред неколку дена се најде на удар на заедницата на Еѓипјаните во Македонија кои го осудија за навреди и дискриминација поради невкусни шеги.
Мемедов се огласи во свој стил и порача:
Сите сме ние Македонци родени во Македонија зборуваме на македонски, а тоа кој од каде е и не е толку важно сега, на тој што не му се допаѓа мојот хумор и не сака да ме гледа никој не го тера со сила.
Јас Ритко Мемедов откако почнав да заработувам поголема сума на пари започнав уште истиот момент да помагам, и ќе продолжам да помагам на болни, гладни, без разлика дали се тоа Египќани Роми Албанци Власи Срби, итн. Сите ние сме Македонци и доста е предрасуди и етнички поделби,