Радмила: Си ги сакам родителите, ама поради нив се иселив во Германија – доста ми беше од потценување

  • By admin
  • октомври 31, 2021
  • 0
  • 453 Views

Велат пријателите ние си ги бираме, но родителите и фамилијата не може да се изберат. Камо да можеше, зашто некои луѓе не заслужуваат да ни бидат најблиски.

Какви се такви се, велат, почитувај ги родителите зашто се единствени и те створиле и пораснале. Блазе им на тие што можат да се пофалат со своите родители, што со гордост викаат еве тие двајца сопружници, херои, ми се мајка и татко и од нив ги имам сите најдобри особини.

За жал тоа не е мојот случај, или барем не беше сè до мојата 20 годишна возраст. Сега имам 34 години и се чувствувам многу немоќно и отфрлено, најмногу поради моите родители.

Си ги сакам родителите, но нивното понижување не можам да го издржам и морам да се искажам. Веќе 8 години живеам и работам во Германија бидејќи веќе не можев да издржам да живеам под ист покрив со нив.

Толку години поминаа а уште ме следат нивните зборови дека не сум ги достигнала нивните очекувања и се разо чарани од мојот живот.

Навистина е лошо кога родителите сакаат да го диригираат животот на своите деца и еве уште се обидувам да се ослободам од нив, но не, тоа ми е всадено во главата и ден-денес уште ми префрлаат.

Јас сум смирен тип инаку, не брзам за ништо, работите си ги извршувам полабаво. Ама тоа не беше доволно за нив, тие очекуваа како брат ми да бидам успешна, да одам само напред, да докторирам, да газам пред себе, а не беа свесни за тоа како јас се чувствував и дали сакав да се посветам на учењето.

Запишав правен факултет и искрено едвај го завршив затоа што постојано бев под притисок дека морам се во рок да завршам, сегде да сум активна, да запишам постдипломски студии зашто што ќе кажат луѓето, од паметна фамилија мора и јас таква да сум.. не сакав, постојано бев со стручна помош и на крај не издржав заминав во Германија.

После втората година на факултет станаа толку напорни во настојувањето да ги исполнам нивните очекувања. Не ме интересираше тоа што ќе оставам сè и ќе правам сендвичи и уште го работам тоа, барем ми е помирно и не ги слушам секој ден како се жалат од мојот живот.

Не ни сакаа да ми помогнаат финанскиски на почетокот, ми велеа дека било мој избор и сама треба да си се снаоѓам. Зошто не сум ги следела стапките на брат ми, тој бил успешен, имал познанства а јас не сум сакал да го искористам тоа – епа сега прави си сендвичи и миј садови штом не сакаш! – така ми велат.

Наместо да живееш господски, ти стана садоперачка и готвачка! Кога ќе се слушнеме на интернет или дури сум на одмор кај нив секогаш гледаат пред луѓе да ме омаловажат и да ми го треснат тоа по којзнае кој пат – се покажуваат како искомплексирани родители кои не успеале да го исценираат животот на нивното дете.

Мислам дека никогаш нема да имам деца баш поради нивниот лош пример на родители. Само знам дека сите овие години нивното настојување и префрлање имаше само контраефект, ниту имав волја да продолжам со школување ни па да работам нешто друго.

Кога бев помлада мислев дека ми мислат добро и се трудев, ама сега веќе не, сфатив дека тие преку мене сакаат да го постигнат тоа што тие не можеле, но јас не им дозволив.

Уште се опоравувам, сакам скроз да се оддалечам од нив зашто гледам дека не ни сакаат да се вратам дома, разо чарани се од мене и чекаат уште да видат за каква „пропалица“ – како што велат тие, ќе се омажам.

Само сакам да пренесам порака, секој млад човек да си го тера животот по своја волја, да си постави своја цел и да ги достигне сопствените очекувања, а не на своите родители.

Зашто постојат многу други семејства и деца со ваков проблем, но никој не се буни зашто мисли дека тоа е најдобро, а после кога им текне веќе е доцна.

Автро: А.Л. Фото: Илустрација

Авторски текст кој не смее да биде превземан без дозвола од редакцијата на Кластер.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.