Професорот Трајковски реши да појасни: Не е точно дека ЕВН ги покрива сите загуби од кpaжби

  • By admin
  • септември 8, 2022
  • 0
  • 673 Views

Професорот Дејан Трајковски од Битола на својот профил на фејсбук сподели статус во кој вели:

До скоро имавме претстава кој плаќа за укр адената електрична енергија, а сега знаеме поточно и колку. ЕВН има најново соопштение што би требало да биде објавено на ММС (Македонски медиа сервис). Убаво е што од ЕВН конечно проговорија, а благодарност и до новинарите што се заинтересирале. Не се нарекуваат без причина „седма сила“.

Од вкупно 300.000 MWh годишно во Македонија се кр адат околу 5%, односно околу 15.000 MWh. Тоа се таканаречените комерцијални загуби, што во пари изнесуваат околу 5 милиони евра годишно.

Вкупните загуби ги знаеме од порано и тие изнесуваат околу 13% од набавената енергија. Значи, на технички загуби (Џулови загуби во спроводниците од преносните линии и загубите од виорни струи и хистерезисните загуби во железните јадра на трансформаторите) отпаѓа околу 8%.

Од вкупните 13% како трошок на ЕВН и се признаени 11% и истите може да ги наплати преку цената на електричната енергија (а не мрежарината).

Останатите 2% (сите се ук радена енергија) ги покрива ЕВН. Од споменатите 11% што ги плаќаме, 8% се техничките, неизбежни загуби во преносот, а преостанатите 3% се загубите од кра жби.

Значи, се потврдува дека не е точно она што го кажуваат од РКЕ дека ЕВН ги покрива сите загуби од кра жби. Кра жбите не се само 2%, туку 5%, од што повеќе од половина плаќаат директно граѓаните преку цената на електричната енергија.

Дали тоа е малку или многу? Во земја со околу 1,83 милиони жители тоа би значело дека се кра де електрична енергија колку што би потрошиле 90.000 жители, односно приближно град со големина на Битола. Не мора да значи дека навистина толку луѓе кра деле, но украденото ко личество енергија е приближно толкаво.

Тука веќе има работа за народниот правобранител, односно уште подобро за еден силен адвокатски тим, којшто би ја туж ел државата затоа што со години ги тера 1,7 милиони жители да плаќаат за укра дената енергија од споменатите 90-ина илјади жители.

Државата е виновна затоа што не дозволила полицијата да асистира на екипите на ЕВН на теренот и на тој начин на кр адците им овозможила противправна парична корист.

Во случај на неуспех (судовите исто така се државни институции, а знаеме колку се ефикасни), ова би требало да се турка и до судот во Стразбур, за конечно да престане попречувањето на правдата и неказнивоста во оваа држава.

Да престане и намирувањето на коалициониот партнер на секоја власт со народни пари. Тоа би била дури и поважната придобивка, отколку самиот износ на укра дените пари. Ако сакаат да им се прават добри, нека донесат свои пари од дома и со нив нека ги задоволуваат.

Најлогично е укра дената струја да биде на товар на самата држава, затоа што таа со своето непостапување овозможила континуирани кражби и ненаплатување на украдената електрична енергија.

За крај, една тема за размислување. ЕВН ја откупува електричната енергија од ЕСМ по гарантирана цена од 48 евра по мегаватчас, односно околу 3 денари за киловатчас.

Нам ни ја продава просечно по околу 9 денари, со вклучен ДДВ. Прашањето е: како цената од 3 стигнала до 9 денари по киловатчас (зголемување од 200%), земајќи ги предвид загубите од 13%, мрежарината од околу 30% и ДДВ-то од 5%? Колкав е тогаш профитот на сите во синџирот за пренос?

Знаеме дека ЕСМ мора да обезбеди најмалку 60% од потребите по гарантираната, ниска цена од 48 евра/MWh, но не знаеме што е со остатокот до 100%.

Дали се увезува по енормно висока пазарна цена или ЕСМ и неа ни ја продава по таа висока пазарна цена, бидејќи веќе нема обврска да испорачува евтина струја по надминувањето на споменатиот минимум од 60%? Би било добро ова да ни го објаснат, можеби тука лежи објаснувањето за високата цена.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.