Професеорт Дејан по денешните бројки: Веднаш воведете мерки – на врвот на бранот би имале речиси 6.000 случаи дневно

  • By admin
  • јануари 4, 2022
  • 0
  • 439 Views

Професорот Дејан Трајковски од Битола се огласи на својот профил на фејсбук пред неколку моменти каде што напиша:

04.01.2022. Денеска бевме сите шо кирани од големиот број на новодијагностицирани (1,197). Сепак, размислувајќи трезвено, бројката е сосема очекувана, со оглед на мет ежот за Нова година и намалениот број на тестирања поради празникот и викендот.

Денеска практично ги надокнадивме испуштените броеви и се вративме на линијата на експ оненцијалниот тренд на раст.

Со растот на бројките ќе се занимаваме и во наредните денови, а сега ќе го разгледаме зголеменото учество на омикрон сојот. Уште вчера беше изнесена претпоставка дека омикрон сојот веќе доминира или е на пат да доминира, поаѓајќи од анализата на опаднувачката ефективност на вакцините против зараз ување (портокаловата линија на првиот дијаграм).

Денеска имаме 4 нови докази за доминацијата на омикрон сојот. Прво, стапката на хоспитализираност измината недела нагло опадна (на вториот дијаграм) од 6-7% на 4-5%.

Како што знаеме, во Јужноафриканската Република, но и во Велика Британија и Данска уште пред неколку недели утврдиле дека омикрон сојот дава полесна клиничка слика, со процентуално помалку хоспитал изации и помалку см ртни случаи.

Како што ќе расте доминацијата на омикрон сојот, не би требало да се изненадиме ако стапката на хоспитализираност опадне на само 2-3%.

Второ, стапката на позитивни тестови започна да се зголемува (нејзината подвижна средина е прикажана со црвена линија на третиот дијаграм).

Ова е јасен показател за зголемената прено сливост на омикрон сојот, којашто за време на доминацијата на делта сојот беше во постојано намалување (како што растеше прележаноста) и истата не зависеше многу од бројот на тестирањата. Оваа стапка не беше многу зголемена ни во предновогодишниот период за прослави.

Трето тестирањата на клиниките покажаа дека зараз ените од омикрон сојот веќе претставуваат значителен дел од популацијата новоз аразени. Од 24 брисеви утврдени се 9 случаи на омикрон сојот.

Тоа претставува учество од 37,5%. Поради малиот примерок од само 24 брисеви, интервалот на доверба е прилично широк, од 21% до 57%, за ниво на доверба од 95% (на четвртата слика).

Четврто, според неделниот извештај на ИВЗ Скопје стапката на реин фекции е поголема за три пати во однос на претходната недела – уште еден доказ дека омикрон сојот е меѓу нас, односно дека успешно го заобиколува стекнатиот имунитет од прележување.

Иако Омикрон сојот се шири со молс кавична брзина, сепак за да стигне до оваа распространетост, симулациите кажуваат дека му требале најмалку дваесетина дена, односно тој влегол во државата десетина дена пред првиот лабораториски потврден случај во Битола.

Со заобиколување на стекнатиот имунитет, но и со отпорност кон постоечките вакцини, омикрон сојот не само што му ги презема жр твите на делта сојот, туку инф ицира и веќе прележани и вакцнирани, коишто нормално се имуни на делта сојот.

Во наредните 3-4 недели ќе видиме големо искачување на дневните броеви на нови случаи. Кај нас бројот на тестирања претставува ограничувачки фактор, но доколку би се тестирало повеќе, при дневна инциденца од 0,35% (колку што моментално има на пример во САД) на врвот од бранот би имале речиси 6.000 случаи дневно.

Сепак, слабото тестрање кај нас ќе ни го прикаже само врвот на ледениот брег, односно можеби само 2.000-3.000 случаи на ден.

Можеби така е уште и подобро, заради избегнување на па никата, со оглед на фактот што омикрон сојот сепак нема да предизвика многу хоспитализации и см ртни случаи.

Сепак, заг риженост предизвикува потенцијалното испраќање на многу вработени на бол едување, што можеби ќе доведе до пореме тување на работниот процес во многу претпријатија и институции, со сите негативни економски после дици.

Затоа населението сепак би требало да води повеќе сметка за превентивните мерки, а не би било на одмет и државата да воведе рест риктивни мерки.

Подобро веднаш, заради ограничување на растот, отколку во февруари (како што направија лани во април), откако бранот веќе помина и бројките спонтано се намалуваа. Целта на мерките е да донесе корист (да ги намали дневните броеви), а не колку да се каже дека нешто се прави.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.