Познатиот шеф Марк Де Јонг, готвачот од Брза кујна, брзо стана препознатливо лице од ТВ екраните, како еден од двајцата готвачи-виртуози во телевизиското шоу „Брза кујна“ кое се емитува на ТВ „Сител“.
Готвачот има има македонско потекло, но со години живеел во Брисел каде по големиот земјотрес во Скопје се преселило и неговото семејство.
Но, Марк де Јонг пред неколку години се преселил во Македонија за да го исполни аманетот од баба му која пред да по чине го замолила барем еднаш да дојде и да ја види земјата од која потекнува неговата мајка.
Марк е одиличен готвач и знае да прави вистински македонски специјалитети. Што се однесува до неговиот приватен живот, Марк е во брак со Василка со која има две деца, ќерка и син.
Марк Де Јонг и неговата сопруга Василка гостуваа во емисијата Магазин на Сител и таму раскажаа како им поминува нивното секојдневие.
„Пиеме кафе со една лажичка шеќер, и се трудиме да го редуцираме, и да стасаме до кафе без шеќер“, рече сопругата на познатиот кувар од „Брза кујна“.
Она што јавноста минатата година ја изненади е тоа што Марк и сопругата иако имаат возрасни деца, живееле во вонбрачна заедница, но минатиот јуни двајцата решија да ја озаконат врската и официјално да стапат во брак.
Според фотографиите кои двајцата ги објавуваат на социјалните мрежи, може да се забележи дека Василка го поддржува својот сопруг во сè, му прави друштво на разни гастрономски саеми и настани.
Шеф Марк е една од оние јавни личности што не ја скрива приватноста, а со тоа нема проблем и да ги покаже своите сакани. Пред крајот на минатата година тој и сопругата Василка беа на заслужен одмор на Малдивите.
Неодамна, шеф Марк сподели не баш убава вест за неговите фанови и гледачи. Имено, тој објави дека после 7 сезони во „Брза кујна“ и 1.400 асистени, веќе нема да биде дел од емисијата и ќе бара нов пре дизвик.
Затоа, шеф Марк повторно е на заслужен летен одмор и тоа во едно од најскапите места за летување во Хрватска – Дубровник. Тој и неговата сопруга Василка шетаат, уживаат и пробуваат многу нови специјалитети подготвени колегите шефови таму.