Познат составот на Македонија за вечерашниот меч со Португалија

  • By admin
  • март 29, 2022
  • 0
  • 273 Views

Македонската фудбалска селекција сигурно е еден од најпребаруваните на интернет во изминатите денови затоа што нашата земја го приреди најголемото иззненадување.

Со победата над Италија во Палермо (0-1), „рисовите“ се пласираа во финалето во баражот за Светското првенство (СП), кое во 2022 година ќе се игра во Катар, и ќе се соочат со Португалија.

Фудбалерите на Благоја Милевски, кои ќе се бо рат за деби настап на СП, уште еднаш покажаа дека ништо не е невозможно. Во период од 365 дена победија два светски прваци – Италија и Германија.

Сега следи мечот за историја, против тимот предводен од еден од најдобрите играчи во историјата. За очекување е да има минимални промени во стартниот тим од дуелот со „азурите“, затоа што Милевски на располагање ги добива Ељиф Елмас и Тихомир Костадинов.

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе заработи дванаесет милиони евра, ако сениорите денес обезбедат пласман на Мундијалот во Катар.

Победа над Португалија на вечерашниот меч ќе донесе премија за најдобрите фудбалери од 4 милиони евра! Претходно, премиерот на државата Димитар Ковачевски вети награда од 500.000 евра за успех во плеј-оф финалето.

Португалија е последната пречка за националниот тим на патот до прво историско учество на Светско првенство. Натпреварот на „Драгао“ е закажан вечерва со почеток од 20:45 часот.

Македонскиот селектор Благоја Милевски ги избра 23-цата фудбалери кои вечерва ќе бидат во комбинација за настап на историското мундијалско финале во плејофот на „Драгао“ во Португалија против бившиот европски првак, кај кој нема да конкурира стартерот од мечот со Турција, Диого Далот од Манчестер јунајтед.

Јани Атанасов, Валон Етеми, Ердал Ракип и Ердон Даци се четворицата фудбалери што не се во комбинација за настап против Португалија и тие ќе бидат на трибини, а останатите конкурираат за мечот во протоколот од 23 фудбалери со кои ќе располага Милевски, а селекторот за овој меч на располагање ги има и Елиф Елмас и Тихомир Костадинов, кои во Палермо беа суспе ндирани.

Што се однесува до почетниот состав таму не се очекуваат големи промени.Столе Димитриевски ќе започне на голот. а пред него се очекува да застане добро познатата четворка предводена од капитенот Стефан Ристовски, Висар Муслиу, Дарко Велковски и Езџан Алиоски.

Средниот ред ќе биде местото каде сигурно ќе има промена, со оглед на кам-бекот на Ељиф Елмас. Офанзивецот би добил една позиција на сметка или на Дарко Чурлинов или на Бобан Николов. Централниот дел од средината ќе му припадне на искусниот Аријан Адеми и секогаш опасниот Енис Барди.

Милевски против Италија започна со Милан Ристовски точно пред противничката одбрана, а Александар Трајковски на страничната позиција. Такви се очекувањата и за вечерашното соочување во големото финале против Португалија на „Драгао“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.