Како што е познато многумина Македонци поседуваат бугарски пасош, а има и такви кои се во постапка. Најголем дел од нив тоаа го прават од финансиски аспект, односно за работа во странство.
Во последните три години нагло се зголемува бројот на Македонци кои станале бугарски државјани. Ова беше истакнато во официјалниот извештај на Министерството за правда, подготвен и доставен до БГНЕС.
И во годините кога светот беше затворен од пандемијата во 2020 и 2021 година, бројот на Македонци кои добија бугарско државјанство е многукратно поголем од претходните години.
Само во 2020 година нивниот број е над 9 илјади лица, а во 2021 година е 7.692 или речиси половина од сите што добиле бугарско државјанство годинава – 15.167 лица.
За последните 15 години, бројот на Македонци со бугарски пасош е 86.566 лица, што е повеќе од половина од сите што добиле бугарско државјанство – 162.865 лица.
Државниот завод за статистика денеска објави нови сетови на податоци согласно планот за објавување на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021.
Според новите податоци, во вкупното попишано население има 19 645 граѓани кои имаат и македонско и бугарско државјанство, според она што го декларирале пред попишувачите. Во вкупното население има само 165 граѓани кои имаат бугарско државјанство, а немаат македонско.
Интересно е што има и голема заедница со македонско и српско државјанство – 10.909. Со пасош од Косово има 2.393 попишани.
Хрватско државјанство имаат 3.819 лица, германско имаат 804, додека италијанско имаат 1.406-мина кои наедно имаат македонско државјанство. Такви има 208 со холандско, 349 со полско, 103 со норвешко, 269 со руско, 1.040 со словенечко.
443 се граѓани и на Шведска, а 1.114 на Швајцарија. 766 се Турци, а пасош на САД имаат 1.937 попишани.