Познатиот македонски пејач згрме: До кога бе Српски пеачи ќе носите со една никаква песна

  • By admin
  • мај 28, 2022
  • 0
  • 459 Views

Пејачот Даниел Сидовски кој е познат во пошироката јавност под уметничкото име Џек Даниел имаше што да каже на својот профил на фејсбук каде што напиша:

До кога бе Српски пеачи ќе носите со една никаква песна која трае 3 недели и ни ги полни локаливе и дискотекиве!До когааа?

Ќе ја отпеат таа една песна ете, и после? Репертоар – 0, Дупнатибалони

А нас ни викате, абе брат ај спушти цена, дај нешто за лепче и ние да покриеме, а фул локали им пуниш и три пати боље журка плафон правиш, 4 саата без пауза пееш, и повеќе се јаде и пие, башка се богатат на наш грб

Епа ќе покриваш со мене кога си фрлил претходно илјадници евра за тој Српски “исполнител” кој те однел у була, битно си се иску рчил со реклама

Абе дома ќе седам ако треба, домино ќе играм, друго ќе работам ако треба веќе, ама ќе нема кој журки да ви прави, не сте свесни Газди на локали што правите од сцената наша!

Тоа се случи и кога пред 10г престанав да бидам единствен менаџер баш заради истиве работи, Скопје отиде у неповрад , а на тој начин и шемата во Мкд.

Појма немате колку значи еден пример а по него сите да отсликуваат. Али ако се само сложни сите музичари да бидат со достоинство, да заборават на пари само еден месец,

Никој да не им оди каде претходно ве пл укале, и да ги одбивате за свирки, па на тој начин да бидат приморани да ги затворат локалите, па на нивно место да дојдат прави газди кои ќе почитуваат и цена и народ и локал и менаџер и се што носи улога журка, па тогаш да се опаметат што пропуштиле претходно од нас.

А новите газди ќе несмеат да писнат кога ќе им се понуди реалната цена за спремен журкаџија.

Ретки се луѓето што знаат како треба и колку треба да ги почитувате естрадните уметници кои ви ги одржуваат семејствата, полека веќе ќе немате кој да ви полни локали бидејќи не ги почитувате вистинските заложувачи на кариери од Македонската естрада.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.