Позната македонска пејачка објасни зошто музиката ја мешаат во политика и пеат на прoтeсти

  • By klaster3
  • јули 10, 2022
  • 0
  • 419 Views

Пејачката и водителка Бојана Атанасовска, сега Скендеровски, ужива во бракот со сопругот Васко со кого ги има ќерката Искра и синот Ѓорѓи.

Таа ја започнала нејзината кариера во 2003 со учеството во телевизиското шоу Плеј – потрага по ѕвезди. Нејзиниот прв сингл бил “Живеј со прашањето”, со која настапи на финалето на оваа манифестација, на авторскиот двоец – Дарко Димитров (музика, аранжман и продукција) и Александар Принц (текст).

Истата година таа настапила на Макфест во Штип со песната “Немам одбрана” и го освоила првото место. Во 2003 настапила на уште два натпревари, ромскиот натпревар “Фантан ди малме” со песната “Ќе пол удам” на ромски јазик, и натпреварот “Марко Поло” во Хрватска.

Бојана Скендеровски очигледно има сериозни намери кога е во прашање нејзиното враќање на музичката сцена. Пред неколку месеци таа ја објави песната „Зад завесите“, а неодамна го промовираше својот најнов проект.

Објави нова песна со наслов „Среќа и несреќа“ која ја работеше со српскиот композитор Саша Милошевиќ – Маре, а исто така таа доби и српска верзија.

– Многу ми недостасуваше музиката и настапите, особено во последнава година кога сето тоа ни е забрането, кога сте уметник, музичар, да ви биде скратено тоа што сте вие е исто како да ставите птица во кафез.

Јас едноставно последниве години морав да направам пауза, затоа што морав да се остварам во најважната животна улога, а тоа е мајчинството, но не се каам, за да ги добијам своите деца би направила уште двапати по толку.

Бојана е веќе позната докажана пејачка, па се изјасни дали би пеела за некоја политичка партија и дали би се декларирала во таа смисла како приврзаник на некоја партија.

– Можеби не би се декларирала јавно ако сум симпатизер или нешто лично си мислам за некоја партија. Не би се декларирала можеби да влезам во партија, да имам книшка, но да пеам на кампања или да ме повикаат професионално тоа би го направила секако.

Ако влезеш да пееш за едни тогаш готово, таму си влегол тешко дека ќе те викнат другите. Нашата работа е да ја забавуваме публиката таму што дошла да биде на тој митинг, ние не апелираме за гласање, изјави Бојана за Г-Карпет на Канал 5.

Таа како и многу други македонски естрадни уметници периодов присуствуваше на пр отестите кои се одржуваа во Скопје, па ја имаше приликата и да запее.

Очигледно сите музичари го привлекоа вниманието на јавноста и ги наведоа да се запрашаат зошто баш естрадните уметници да ја мешаат музиката со политика, па на тоа Бојана имаше што да им одговори:

„Слушнав коментари зошто се пее на про тестите?!? Па како зошто,како да покажеме дека не треба да се заборави колку е посебен нашиот јазик,и нашиот фолклор кој толку многу сакаат да го присвојат,и колку вистини има испеано во тие песни за ова парче земја!

Благодарност до господинот Ефто Пупиновски за оваа прекрасна песна“, сподели Бојана на нејзиниот Фејсбук профил.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.