Позната македонска пејачка бара наставник по математика: Никој не се пријавува на огласот

  • By klaster3
  • септември 25, 2022
  • 0
  • 309 Views

Андријана Јаневска е позната македонска пејачка, композитор и наставник по музика, виолина, солфеж, естрадно пеење, пијано и теорија на музика.

Јаневска е родена во Скопје, каде моментално живее и работи. Таа е доцент на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Редовно е вработена во Македонската опера и балет, како прва виолина. Освен виолина, свири пијано, гитара и бас гитара, а првата композиција ја има напишано на 11 години.

Во 2004 година дипломира со највисока оцена на Факултетот за музичка уметност во Скопје на вокално-инструменталниот оддел – отсек виолина, а во 2011 година магистрира со просек 10,00 на одделот за Музичка теорија и педагогија.

Освен што пее и работи како виолинист, таа свири пијано и бас гитара. Била придружен вокал на многу уметници, меѓу кои и на Влатко Стефановски, Џибони и Бајага.

Има напишано многу композиции во доменот на популарната музика, а се јавува и како текстописец и аранжер на многу популарни песни.

Сопственик е на музичкото студио „Гиновски“ каде работи како композитор, пејач, виолинист, аранжер, пијанист и продуцент на изданија (реклами, видео игри, песни) во САД, Англија, Финска, Јужноафриканска Република, Италија, Канада, Полска, Грција, Австрија и други.

Најголемо хоби и‘ е шахот, а како портпарол на Шаховската Федерација на Македонија, го организира Европскиот Шаховски Куп во Струга.

Член е на шаховскиот клуб „Гамбит“. Од 2009 година е во брак со Драган Гиновски – Гино, познат македонски рок гитарист и аранжер (Архангел) со кого има два сина, Димитар и Кристијан.

Она што извесен период е актуелно во јавноста и е честа објава по медиумите и социјалните мрежи е фактот дека училиштата низ земјава се соочуваат со недостаток на наставен кадар.

Нема наставници по математика, физика, хемија, странски јазици за што освен со конкурси се бараат и на фејсбук и останатите социјални мрежи.

Адријана Јаневска сподели дека се соочува токму со тој недостаток затоа што нејзините деца се уште немаат еден предметен наставник, па се огласи на фејсбук:

„Во ООУ “Аврам Писевски” во с. Бардовци каде учат моите две деца, сè уште нема наставник по математика. И покрај сите напори на директорката и Советот на родители, никој не се пријавува на огласот.

Со оглед на тоа што има недостаток на кадар, наставата би можел да ја одржува и студент по математика кој во моментов е четврта година.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.