Елена Петреска е една од најзпонатите македонска поп-пејачка која потекнува оод Прилеп.
Кариерата ја започнала со пеење на детски фестивали и продолжила со студиите на Музичката академија во Скопје.
Елена завршила на петтото место со 67 бода на Скопскиот фестивал 2007 (македонски избор на Евровизија) со песната „Пеам“. На црногорскиот фестивал, Будва 2007, Петреска го освоила деветтото место со песната „Кад Лептир Слети“.
Таа е вработена во Националната опера и балет како дел од хорот, и иако не го исполнија сонот на нејзината мајка да стане оперска пејачка, таа е среќна во средината во којашто работи.
Пред некој ден таа се огласи на својот профил на фејсбук со статус кој што привлече големо внимание а во кој вели меѓу другото:
„Медиумската екс понираност и изложеноста под лупа од јавноста, воспоставување спогодба со сечиј коментар, поистоветување со сечие мислење ме направи толку не сигурна во себе и ја изгубив целата само доверба до толку што за секој тон што ќе го испеев.
За секое мое појавување на ТВ чувствував огромен при тисок и постојано го слушав кри тичарот во мене. Тој ло шиот крит ичар, едно гласче кое постојано како раси пана лента вртеше во мене и го исци ца и последното атомче на самодоверба.
Чувство дека ништо не заслужувам, дека сите се подобри од мене, чувство дека не сум достојна никој да ми подаде рака, е тоа ме понесе на најниската фреквенција во животот“.
Елена даде и интервју за „Женски магазин“ во кое исто така реши да проговори за нешто што досега не го изнела во јавноста:
Првиот таканаречен ша мар беше кога заради финансиската состојба во која запа днавме морав да се вратам во Прилеп и да ги прекинам студиите на Музичка академија.
Бев разоча рана и деп ресивна, но одлучив да се бо рам, секогаш се сеќавам на тие 280 денари за автобуска карта кои ми ги даде мојот тетин и со кои се вратив назад во Скопје и почнав да пеам за да заработувам за живот.
Имаше моменти кога немав денар во џеб и кога го допрев дното, но фала му на Бога, и на мојата мотивација, работа на себе и трудољубивоста, почнав да се качувам на скалата да стигнам до нулата, зошто таму кај што бев беше минус.
Не се откажував никогаш, се бо рев постојано, одев на фестивали, на настапи, некогаш со позајмени фустани, со сандали фарбани со боја, со фустани направени од марами.
Се сеќавам на Охрид фест кога победив со песната “Галебе” а едвај отидов на фестивалот со 500 денари во џеб… сега си се чудам на храброста и самодовербата која ја имав.