Побарувачката за работници во Германија е поголема од кога било – од ден на ден се поголем недостиг на работници

  • By admin
  • мај 10, 2022
  • 0
  • 414 Views

Побарувачката за работници во ветената држава за многу Македонци – Германија сега е поголема од кога било, пренесува германската агенција.

Побарувачката за работници во Германија е поголема од кога било, пишува агенцијата „дпа“. Подобрувањето на состојбата со кор она во Европа придонесе за укинување на рестр икциите, а со тоа почна пролетното заживување на пазарот на трудот. Зголемување на побарувачката за работници има и во месец април.

Недостигот од работници ги пог оди речиси сите сектори, особено угостителството, пренесува „дпа“. Вицепремиерот на Северна Рајна-Вестфалија Јоаким Стамп рече дека „недостигот на работници во некои сектори се зака нува да ја уб е економијата“.

Тој смета дека е потребна брза законска промена на претходниот договор „за на имиг рантите да им биде доволен само договор за вработување од германска компанија како легален пристап до германскиот пазар на труд“.

Освен тоа, треба да се ук инат сите забрани за работа. „Не можеме да си дозволиме да одбиеме луѓе кои сакаат да работат“, рече Стамп, кој е и министер за семејство и интеграција во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија, пренесува Хајат.

Големи делови од Германија, особено во областите околу долниот дел на Рајна, се соочуваат со голем проблем – “исчезнаа” сезонските работници за берење на аспарагус.

Сега кога сезоната на белиот аспарагус е на својот врв, нема кој да работи.

Илјадници работници вадат стебленца од овој омилен германски зеленчук од земјата. Така е до крајот на јуни, кога традиционално завршува сезоната на аспарагус на празникот Свети Јован (24 јуни).

Минатата година во Германија се произведени 117.000 тони од тој зеленчук, што е зголемување во однос на претходната година.

Земјоделците се надеваат дека годинава вкупното количество дополнително ќе се зголеми и ќе се приближи до рекордот од 2018 година, кога од полињата во Германија и во светот отидоа 133.000 тони аспарагус.

Но, оваа година, како и во претходните години на пандемијата, земјоделците се бо рат да најдат работници подготвени да ја завршат напорната работа. Традиционално, најголем број сезонски работници за берење аспарагус и јагоди доаѓаат од Полска и Романија.

За време на пандемијата во 2020 година, владата дури издаваше специјални пропусници за земјоделците, со кои сезонските работници сè уште можеа да стигнат до полињата со аспарагус во Германија со специјални чартер летови.

И покрај тоа што сезонските работници во Германија по правило заработуваат само законски дефинираниот минимум од 9,82 евра на час (кој треба да се зголеми од 10 јуни на 10,45 евра) и што во многу домаќинства на работниците им се одбива саатницата за сместување, превоз и храна, многумина сметаат дека тримесечен престој во Германија е добредојден за да го подобрат својот буџет за домаќинството.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.