Пејачот Дејан се исели во Германија и таму живее во колиба – сега одгледува лук

  • By admin
  • февруари 12, 2022
  • 0
  • 590 Views

Балканот е поднебје кој од секогаш давал големи музички имиња и е непресушлив извор на пејачи. Но некои од нив од најразлични причини се решаваат да се повлечат од сцената и да се посветат на нешот друго.

Еден од нив е и српскиот пејачо Дејан Чирковиќ, попознат како Чира кој со семејството живее во Германија веќе 25 години.

Тој минатата година не можеше да се врати во Србија поради ситуацијата со корона вирусот, па во една прилика призна дека жали што не можел да ги посети родителите и пријателите.

Сепак, своето засолниште го нашол во викенд куќа над Штутгарт, каде се посветил на земјоделството.

– Овде сум од март минатата година, сега ќе наполни точно една година откако сум во колибата- кажа тогаш Чира.

Тој тврди дека својот мир го нашол во колибата и дека вишокот од слободното време го користи за да засади зеленчук за свои потреби.

Засега во својата бавча има само лук, а на пролет како што најави се очекува да засади и друг зеленчук.

– За секој случај, да ми се најде, за мојата потреба. Немам намера да ја снабдувам Германија со лук – се пошегува Чира минатата година.

Инаку, Чира е познат по хитот „Феноменално“ кој го отпеа на фестивалот „Гранд“, а кој исто така се слуша до дене денес и во Македонија.

Веќе од одамна Чиро го нема на сцената и со настапи откако реши да се посвети на помирен живот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.