Панчо од ДНК: Денес направија да е срамота да си ја сакаш сопствената држава, да е срамота да си патриот

  • By klaster3
  • јули 4, 2022
  • 0
  • 456 Views

Втор ден по ред, илјадници граѓани протестираат против прифаќањето на францускиот предлог за тргање на бугарското ве то и отворање на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.

Протестот што почна вчеравечер официјално нема организатор, но е поддржан од политички партии и граѓански организации кои сметаат дека предлогот е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси.

Многумина познати јавни личности се обратија во живо, но и преку социјалните мрежи и го искажаа нивниот став во врска со францускиот предлог, а еден од нив е музичарот Панчо кој се обрати на Фејсбук:

„Пред да го напишам и искажам мојот искрен став и ре волт кои го чуствувам по прашањето на омало важувањето на нашиот идентитет, националност и достоинство, знам дека ќе бидам ос удувам од оние кои не се сложуваат со мене но ќе бидам искрен како и секогаш зошто јас сум тој и не знам поинаку, но знам бар дека сум искрен и имам свој став.

Многумина пријатели и познаници ми велат дека јас сум артист / уметник и дека треба да се држам до тоа, да стварам музика, да бидам креативен и да ја оставам политиката на политичарите.

Факт, така е, но ова е многу повеќе од политика и музика, ова е нешто кој секој еден Македонец што живее и ја сака оваа земја ( Албанец, Турчин, Ром, Бошњак, Влав итд. ) треба да го дигне својот глас против оваа торт ура и не правда која веќе долго време ни ја задаваат од надвор, а потоа и од внатре.

За мене лидер на една држава е човек кој се бори за сопствените интереси и интересите за сопствениот народ кој воедно го изгласал за да биде нивни лидер, а не да одлучува сам без да го послуша гласот на народот ( како случајот за референдумот и шиткањето на името ) ,

да штити туѓи интересе и прави компромисо кои пе штетни за државата . Се во животот е баланс и компро мис. ФАКТ, но кога доаѓа прашање за идентитетот, комп ромис не постои.

За жа л народот е толку поделен, изм анипулиран и сиромав што му е избришана / заматена таа природна ИДЕНТИТЕТ каписла која треба да ја поседува секој еден човек на кој природно треба да му доаѓа да си го брани своето, исто како што се бори за својот дом, фамилија, другари…..

Денес направија да е срамота да си ја сакаш сопствената држава, да е срамота да си патриот бидејќи веднаш те класифицираат како дел / припадник на партија или во превод вмровец.

Направија да не се разликува што е нацио налист, а што патриот. Јавно кажувам, ако патриотите и оние кои си ја сакаат МАКЕДОНИЈА се вмровци тогаш ја сум најголемиот вмровец!!

Слободно ставете ме во тој кош немам никаков проблем со тоа. Се гледаме во 19ч. Искрено ваш Панчо.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.