Од 1. јануари две држави ги отвараат вратите за македонски работници

  • By admin
  • декември 22, 2021
  • 0
  • 625 Views

Александар Вучиќ, Претседателот на Србија утрово изјави дека договорот за единствените работни дозволи меѓу земјите во рамките на иницијативата Отворен Балкан најверојатно ќе почне да се применува од 1 јануари идната година и дека останува да се завршат само некои технички прашања

Тој за РТС од Тирана изјави дека затоа денеска ќе се донесат одлуки за поврзување на електронски и други системи.

Запрашан што е направено и колку се променило од претходната средба на Отворен Балкан во Белград во ноември, Вучиќ кажа дека многу се променило и оти сите тимови донеле одлуки брзо и ефикасно.

„Синоќа разговаравме и со господинот (Димитар) Ковачевски, кој треба да биде нов премиер на Македонија и тој е посветен целосно за отворен Балкан и ќе продолжиме тоа да го работиме. Ова го правиме со многу верба и енергија, бидејќи знаеме дека така ќе им олесниме на нашите граѓани, кажа Вучиќ.

Тој изјави дека синоќа разговарале со некои албански бизнисмени кои сакаат да инвестираат пари во Србија и да отворат рибни ресторани во Србија.

-Луѓето се многу среќни што можат да учествуваат во тоа, кажа Вучиќ, додавајќи дека голем број српски бизнисмени се заинтересирани за албанскиот пазар и инвестиции.

-Горд сум што можам да им помогнам, а би сакал и сите други да ни се придружат. За нас би било страшно важно тоа да биде БиХ, се разбира и Црна Гора и приштинскиот дел. Посебно за БиХ, бидејќи денеска ќе зборуваме за тоа како преку електронско поврзување да се добијат попусти за граѓаните на Отворен Балкан. Ако имате попуст за граѓаните на Скопје, како е можно да немате попуст за граѓаните на БиХ, праша Вучиќ.

На прашањето да Отворен Балкан е отворен за Сараево, Подгорица и Приштина, која е поентата ако нема одговор од нив, Вучиќ кажа дека тоа е нивен избор.

-Наше е секогаш да повикаме, но ние не застануваме и не сме незадоволни од самите себе. Толку многу веруваме во тоа што го правиме и знаеме дека тоа ќе им донесе толку многу добро на граѓаните на Македонија и Албанија и Србија, тоа го правиме со толку многу енергија и убедување, што моето прашање е како некој во БиХ или Црна Гора ќе објасни зошто нивните граѓани плаќаат повеќе од граѓаните од Велес, Валона или Србија.

Тие мислеа дека тоа е некаква политичка игра, а сега кога ќе имаме бенефиции и корист ќе биде поинаку, кажа Вучиќ и додаде дека мора да се разговара и за увоз на енергетски капацитети, бидејќи сме премали.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.