Огнене Јанески во одбрана на Васил Гарванлиев: Им згрме на сите критичари

  • By admin
  • март 16, 2021
  • 0
  • 3954 Views

Познатиот македонски новинар Огнене Јанески од Телевизија ТВ24 се огласи на својот личен профил на темата Евровизија и Васил Гарванлиев и напиша:

Има една фина, библиска и вели: „Кој од вас е без гр ев, прв нека фрли камен.“Кај нас тоа деновиве би било вака: „Кој од вас не познава ниту еден околу себе со бугарски (или друг некој) пасош, нека фрли камен.“

Дното се допре во тој момент кога се отвори петиција за Васил Гарванлиев да нѐ не претставува на Евровизија, поради тоа што имал два пасоша, меѓу кои и бугарски.

Истото ова, се користи во исклучително политички цели на интересовните групи во двете земји, во исклучително тежок период за Македонија, поради односот на Бугарија кон нас и игнорантниот однос на ЕУ што е ужа сен, а дополнително се става во контекст на двојните државјанства на луѓето кои се на функции во Македонија, а имаат и бугарски пасош, за што трачареше и Каракачанов минатата недела.

И ја прифаќам надразнетоста на луѓето кај нас и дувањето на јогурт. Во ред, но, ваквото нагорно-растечко реагирање е многу лоша работа, особено доколку прераснува во паран оја, која доведува и придонесува кон сериозен ли нч и наси лство преку интернет, кое многу лесно може да премине и во физичко, доколку не се преземат мерки е неприфатливо.

Интервјуто на Васил никому очи не му бод еше минатата година, кога исто така ни беше претставник, ни пак интервјуата кои ги даваше и годината претходно, кога беше пратечки вокал на Тамара.

Но, интервјуто сега се вади на површина откако проблемот со Бугарија зеде невидени размери и баш сега за да има народ да глода коски за Евровизија, наспроти немањето вакцини, наспроти исклучително сомнителните тендери, наспроти одговорност во министерство за здравство за трите органи… и вие додадете сѐ друго што мислите дека треба.

Песната е одлична, а и спотот исто така, вокалните способности се бесценети. Ете, се реагираше на реакциите на луѓето за делото на Жанета Вангели во спотот, се отстрани.

За тие кои зборуваат за укинувањето на учеството на Евровизија, нека помислат како би им било нив некој да бара укинување на учествата на спортските натпревари каде нѐ претставуваат како македонска екипа.

И ако навистина сметате дека Евровизија е неважна, тогаш зошто воопшто имате проблем со настапите и со спотовите? И да, Евровизија примарно е музичка, но е и исклучително политичка манифестација.

Затоа е учеството и затоа е прифатливо тоа што беше важно да се реагира на спотот, кој се промени. А се промени, зашто е важно мислењето на тие од чии пари се организира настапот.

Но, кога е премногу – премногу е. Никој не заслужува да живее во страв за својот живот, под силни клев ети, нав реди и зак ани! Уште пострашно е молчењето на институциите, како и на невладиниот сектор кој се занимава со сајбер-на силствата.

И уште еднаш на крајот: „Кој од вас не познава ниту еден околу себе со бугарски (или друг некој) пасош, нека фрли камен.“ Но, камен да фрли и кон политичарите, функционерите, спортистите, дипломатите. Или, нека си го задржи за себе.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.