Овчарот Боне: Три жени ме оставија поради овците, повеќе сакам овци отколку жени

  • By klaster2
  • јуни 26, 2022
  • 0
  • 374 Views

Од година во година се помал е бројот на овчари, кој ќе се нафатат да го поминуваат денот со овие животни и покрај добрите работни услови.

Еден од тие што се уште пасат овци и се на падините секојдневно е Боне Селман, кој и покрај се не се откажува од тоа што го сака.

– Имам некаде околу 180 овци, задоволен сум од тоа што го имам, работам се и молзам и ги пасам овците а оваа година сирењето ќе биде поскапо.

– Многу е тешко да се најде овчар, во оваа околија сум само јас, но јас не би се променил и не би ја променил оваа работа за некоја друга например канцелариска работа.

– Јас сум задоволен и со платата и со условите кој ги имам, ова е тоа што ме исполнува. Со ова се занимавам од четврто одделение.

– Поради оваа работа иако имам 45 години имам одлична кондиција и можам да одам и со киломтери и не ми претставува проблем.

– Јас во целиот месец дома си одам два дена, понекогаш и помалку зависи кога како. Овде е мојот одмор едноставно најдобро се чуствувам овде.

– Парите што ги земам се одлични, само што не сум осигуран здраствено и пензиско, па додека можам ќе работам и ќе имам, вели Боне.

– Кучињата ми се големи пријатели во секоја смисла на зборот. Тие пред некој ден набркаа една мечка што сакаше да прави проб леми, вели тој пред камерите на Сречко Стиповиќ.

– Три пати се женев и се разведував, никоја не сака овчар за маж. Секоја сака да е госпоѓа и да има убав автомобил. Јас немам ниту автомобил ниту имам положено.

– Кога би бирал помеѓу жените и овците, тоа би биле овците дефинитивно. Здравјето одлично ме служи, лани имав едни про блеми но се надминав.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.