Никола изел 300 јајца за 10 дена, потоа направил проверка во лабараторија а резултатите изненадувачки

  • By klaster2
  • ноември 24, 2022
  • 0
  • 503 Views

Лекарите и нутриционистите сметаат дека е во ред, па дури и препорачано, да јадете по едно јајце секој ден – ако имате добар холестерол и немате кардиоваскуларни забо лувања.

Jајцата се полни со протеини, здрави масти и есенцијални витамини и минерали, па затоа се добри за секој кој е на диета, за оние кои сакаат да ослабат и за оние кои вежбаат.

Од друга страна, тие можат да бидат лоши за холестеролот, а некои пресметале дека максималната количина што треба да се консумира на дневна основа е три јајца. Но, што точно може да се случи ако претераме?

Јутјуберот Никола Вејновиќ, кој го следат над 150 илјади луѓе, реши да провери. Купил 300 јајца со план да ги изеде за 10 дена, а пред и по овој процес си ја проверил кр вната слика за да може да ги спореди резултатите.

„Имав комплетна проверка, заедно со холестеролот и хормони, па на крајот би го направил истото и би можел да проверам дали моето здравје се вло шило или се подобрило.

,, Пред се, важно е да знаете дека јас обично јадам по пет до осум јајца секој ден и уште од самиот почеток можам да ви кажам дека е здраво“, изјави Никола.

Сепак, 30 јајца на ден е голем предизвик. Вејновиќ детално објаснува како се чувствува од ден на ден, како подготвува јајца и како е на тренинг.

Конечно ги покажа резултатите од проверката во лабараторија и беа уште поло ши од очекуваното. Неговите леукоцити паднале од 7,1 на 6,1, еритроцитите паднале од 5,56 на 4,46, а хемоглобинот од 165 на 128.

Вкупниот холестерол пораснал од 2,91 на 3,44. Нивото на триглицериди се зголемило од 0,85 на 1,01, а ЛДЛ холестеролот од 0,22 на 0,80.

„Моите резултати сега се поло ши отколку на почетокот, тоа е факт. Таа диета е неоптимална и во многу моменти немав желба да изедам се наеднаш.

Но, за просечниот човек кој јаде јајца нормално, тие не можат да му наштетат и тоа е мнгоу важно“, заклучи Никола во објавата на својот канал.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.