Денес дознав дека деновиве ОЈО објавиле дека замрзнале наводен мој имот, односно земјиште и два помали стана кои ги бев изнајмил, а дел од нивните апологети во медиумите тоа го објавиле како сигурна информација.
Невозможно е да замрзнале мој имот кој го немам и никогаш не бил моја сопственост, кој никогаш не сум го купил, ниту сум го платил, ниту поседувал, ниту бил на нечие друго име или слично.
Тие си знаат чии имот замрзнале, но мој сигурно не, и под кои услови и околности кон лицата чии имот го замрзнале, што им е договорот и со што ги уцениле па како резултат на тоа ги знаат и причините заради кои тие лица “не се жалеле”.
Уште еднаш повторувам дека ниту пријавени ниту непријавени земјишта, ниту станови како што наведуваат имам купено.
Од она што досега имам информации ОЈО под директива на власта со цел моја дискредитација и натамошно мал третирање има извршено тешки уце ни, жест оки при тисоци, некаде и со изрекување прит вори, некаде со зака на за долг прит вор и потоа долгогодишен зат вор, униш тување на бизниси и жес ток прогон кон одредени бизнисмени, нивни вработени и други, дел мене познати а дел непознати лица, со цел да направат конструкција на база на изнудени ла жни сведочења дека наводно тајно сум купил таков вид имот.
Списокот на лица на кои се вршеле и понатаму се вршат тор тури во овој правец е долг.
Немајќи друг избор подготвени се дури и да водат незаконска постапка за обвинение иако не сум дал исказ во обвинителството што е обврска согласно Законот и без што неможе да започне судска постапка а истото планираат или незаконски ќе се обидат да го покријат со дадени мои изјави за други предмети каде ми земале изјава под иста квалификација но за сосема друг случај што и јавно го посочија во изјава и што не кореспондира ниту со закон ниту со логика или што сум дал изјава за само еден случај во фаза на прибирање информации а не во фаза пред обвинение, што исто така е спротивно на Законот.
Значи, про гон по секоја цена, макар и незаконски. Во време на панд емија со која власта е пример за неспособност за справување во светски рамки, во време на тешки крими нални аф ери каде тие се клучните актери, власта се занимава со мене со надеж дека народот нема да се занимава со нив.
Немаат било каков матерјален доказ или вештачење со кое би се докажала моја лична инволвираност во смисла на од мене направена и потпишана финасиска трансакција на пари и слично, а најмалку мој заверен имот во катастерот, ниту пак можат да го имаат од причина што такво нешто не непостои.
Затоа, како што стојат работите, повторно како во комунизмот ќе водат постапки со неколку уцен ети и од нив преплашени сведоци, кои се под големи зак ани и на кои подолг период им се барани слабости, грешки, или било што со што можат да бидат уцен ети, во смисла да не им се покрене про гон за истите а за возврат тие да ги потврдат конструираните тези на обвинителството.
Како што веќе споменав дел од овие лица не ги ни познавам лично, други пак не сум ги познавал во време кога се обидуваат да фингираат наводни купувања имот.
Очигледно не им е доволно што ми го прават целиот овој прогон низ годините наназад бидејќи сваќаат дека не им поминаа во поголем дел од јавноста монтираните и ступидни обвиненија па со ова помеѓу останатото имаат цел за нов обид за моја дискредитација во очите на јавноста.
Ова меѓудругото и од причина што свесни се за сеќавањето на народот од блиското минато во врмето кога јас ја имав одговорноста за тоа како треба да се работи и води држава, како ефикасно треба да се решаваат проблемите и да се организира системот и во услови на кри зи, како треба да се поставуваат амбициозни цели за развој на државата и истите да се реализираат.
Kако треба да се води и унапредува економијата и речиси сите сектори, како треба да се привлекуваат инвеститори и отвораат нови работни места кои ќе го јакнат стандардот на населението, како треба да се бранат националните интереси, како може да се набавуваат стотици апарати и опрема за здравството годишно, и ред други нешта кои актуелните властодршци ги прави гне вни и не рвозни.
Наместо таа лоша слика за нив да ја променат со макотрпна работа и подобри резултати од оние кои ги постигнавме јас и мојот тим, тие одбраа политички про гон, со монтирани случаи, уце нети сведоци и обид за моја јавна дискредитација.
Имајќи во обзир дека сеуште имаат доволна контрола на судско-обвинителскиот систем, свесен сум дека може секоја нивна “бо лна” идеја која ја наумиле, да ја реалзиираат.
Ќе дојде време кога на сето ова бес неење ќе има ревизија, но и ревизија на нивното работење и кри минал. Власта е влезена во тежок крим инал и имаат со кри минални методи заработени огромни суми пари.
Тие неделно на нелегален начин и со кри минал заработуваат повеќе од земјиштата и становите кои ми ги монтираат. Опкружени и здружени со тешки кр иминалци околу себе од земјата и од странство, на чија услуга се ставени и со кои секојдневно ги гледаме на фотографии со нив, неможат да се помират со фактот дека ветувањето “живот” од нивна страна се покажа како едно тешко фија ско и големо разочарување а неспособноста и крими ногениот стил на работење се гледаат секој ден.
Од ден на ден нивниот страв расте. И ќе расте. Има причина за тоа. Доаѓа време кога сведоците, ама не ла жни или уце нети, туку реални и без страв, поткрепени со матерјални докази, ќе застанат наспроти нив, стои во фејсбук статусот на Никола Груевски.