Никола Груевски емотивно се опрости: Неговото прерано заминување е ненадоместлива загуба

  • By admin
  • април 4, 2021
  • 0
  • 3739 Views

Никола Груевски, поранешниот премиер и екс лидер на ВМРО ДПМНЕ вечерва повторно се огласи на социјалните мрежи преку неговиот профил на фејсбук:

Бројката од околу 4000 поч инати во Македонија од см ртоносниот вирус Ковид-19 или од последици од него е заст рашувачка.

Тоа се 4 илјади луѓе, живи души, мажи и жени, мајки и татковци, синови и ќерки, браќа и сестри, соседи, пријатели, колеги, познаници, непознати и познати, кои веќе ги нема меѓу живите.

Луѓе кои само до пред некое време планираа иднина, сонуваа за нови успеси, се надеваа на подобри времиња, тагуваа и се радуваа и делеа заедничка судбина со останатите во своето опкружување во Македонија.

Има цели општини или градови во Македонија кои бројат 4000 жители. Четири пати повеќе луѓе заминаа од живите за една година од овој вирус во Македонија, одколку што имаше жр тви во скопскиот земјотрес во 1963 година, а крајот се уште не му се гледа.

Околу една шестина од бројот на жр тви и заг инати во втората светска вој на во Македонија, а сеуште не е почнато со сериозен опфат на заштита во земјата.

На сите ни заминаа и сеуште ни заминуваат луѓе со кои сме соработувале и кои оставиле траг зад себе во нашите животи.

Денес ја примив тажната вест за смр тта на Трајче Димитриев, поранешниот градоначалник на Демир Капија кому граѓаните на изборите му ја даваа довербата за градоначалник во неколку наврати.

Јас добро знам дека не е лесно барем еднаш, а уште помалку е едноставно повеќе пати да освоиш доверба на избори од сограѓаните. Таа повеќекратно изразена доверба не може да е случајна.

Како и сите луѓе, Трајче имаше предности и слабости, но беше харизматичен човек со нескротлива природа, динамичен живот и континуирана акција. Храбар и упорен, борбен, снаодлив и прониклив, оптимист кој никогаш не отстапуваше од зацртаните цели.

Тој знаеше да ги решава проблемите на многу луѓе, да гради и создава, да помага на оние на кои им треба помош. И не случајно во повеќе наврати победуваше со убедлива подршка од народот кој го познаваше.

Неговото прерано заминување е ненадоместлива загуба за неговото семејство на кое му упатувам длабоко сочуство.

Неговото заминување е тажна вест за сите нас кои го познававме и соработувавме со него, за граѓаните на општината Демир Капија, за ВМРО-ДПМНЕ и за многу негови пријатели, познаници и соработници.Ќе го носиме во убави спомени. Нека почива во мир.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.