Никола Груевски доцна вечерва се огласи – реши да потсети и потенцира на некои работи

  • By admin
  • октомври 7, 2022
  • 0
  • 418 Views

Поранешниот премиер Никола Груевски вечерва се огласи преку својата фејсбук страница каде напиша:

Брана Конско. Еден од поголемите проекти во делот на водостопанството проценет на 40 милиони евра инвестиција, чии обемни подготовки и градба започнаа во времето пред смената на власта во 2017 година а кој со огромно задоцнување од три години се чини дека е при крај е браната Конско во близина на Гевгелија.

Градбата започна во 2016 година а претходеа подолг период имаше подготвителни активности од неколку години во планирање, стручна дебата, ставање во владина и буџетска програма, мерења, проектирање, изнаоѓање средства, постапки за набавки за изведувач, склучување договори, надзор итн.

Оваа брана со акумулација ќе се овозможи:

1. Стабилно и здраво водоснабдување на Општина Гевгелија;

2. можност за гравитационо наводнување на огромна површина од 4.500 хектари земјоделско земјиште кои сега се наводнуваат со пумпање;

3. се создаваат услови за обезбедување нови количини вода за подобрување на хидролошката состојба на Дојранското езеро;

Покрај редовните активности во делот на изградба и одржување на системи за водоснабдување и наводнување кој се одвиваше преку националната програма за рурален развој во ставката инвестиции во водостопанска инфраструктура, некаде на средината на мојот мандат како премиер предложив и се формираше Комитет за развој и изградба во водостопански објекти,

Kој лично го предводев и кој како прв чекор покрај утврдување на состојбата и проблемите, имаше зацртано да направи 10 годишна стратешка програма за инвестиции во водостопански капацитети.

Програмата во првата нејзина верзија предвидуваше околу 200 милиони евра инвестиции во 10 години што во просек годишно би било по околу 20 милиони евра, што се ценеше дека е изводливо и одржливо.

За жа л другите проекти од оваа програма се или премногу забавени, или запрени или не започнати.

На пример браната Оризарска река кај Кочани каде градежните работи ги започнавме уште пред браната Конско, и која требаше да биде инвестиција од 33 милиони евра сеуште е во многу почетна фаза и во застој. Таа требаше да овозможи наводнување на 1.500 хектари земјоделски земјиште и многу други придобивки.

Две децении само се зборуваше за водоснабдителниот систем Злетовоца кај Пробиштип кој успешно го завршивме, а во план и проектирање беше втората фаза на Злетовоца (65 мил евра, 4.500 хектари за наводнување) од која шест години по смена на власта нема ништо.

ХС Равен Речица во полошкиот регион е во застој (15 милиони евра, 3.500 хектари земјоделски земјиште).

Слично е и со ХС Лисиче кај Велес и Чашка која лани требаше да е готова (30 милиони евра, 3000 хектари наводнување на земјоделски земјиште плус три мали хидроцентрали).

Другите од листата во програмата нема ни да ги спомнувам, сите се или во застој, или заборавени или во план за недефинирана иднина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.