Неко работи едноставно не се забораваат: Венко Филипче доби признание за периодот кога беше Министер

  • By admin
  • октомври 8, 2022
  • 0
  • 266 Views

Како што е познато Венко Филипче важи за еден од најпознатите македонски неврохирург и веќе поранешен министер за здравство.

Филипче ред да стапи на министерската функција беше советник за здравство на претседателот на Владата Зоран Заев и доцент на Медицинскиот факултет во Скопје.

Токму Венко беше човекот кој раководеше со министерството за здравство во најтешкиот период од неговото постоење, за време на ви русот.

Иако веќе извесен период не е активен на политичката сцена, сепак од време на време знае да се појави во јавноста како и да се огласи преку социјалните мрежи.

Вчера Филипче беше гостин во Крива Паланка и тоа со убава причина, а тамошниот Градоначалник Сашко Митовски сподели:

Општина Крива Паланка денес го слави Денот на ослободувањето,8 Октомври.

По тој повод синоќа на свечена академија на која беа врачени највисоките општински награди и признанија за 2022 година.

Наградата “8 Октомври” како највисоко општинско признание за особени постигнувања од значење за развојот на општината и нејзина афирмација во Република Северна Македонија и светот е доделена на г-дин Ненад Коцевски, за особени заслуги во афирмацијата на Крива Паланка, поддршка на спортот,културата, здруженија и поединци од неговиот роден град.

Истакнат хуманист и добротвор, пример за кривопаланечката дијаспора.

“Признание за особени постигнувања и придонес за развојот и афирмацијата на Општина Крива Паланка“ беше доделено на Д-р Венко Филипче, неврохирург, за посебни заслуги за поддршка на здравството и здравствените работници од Крива Паланка, за успешна соработка со здравствениот дом од нашиот град и негово унапредување, особено во услови на Ков ид-19 пандемијата.

Исто така во чест на празникот, 8 Октомври, доделени беа плакети за посебни заслуги и придонес во развој на општината и на уште неколку члена од актуелната Влада:

-Министерот за локална самоуправа г-дин Горан Милевски, Г-дин Благој Бочварски, Министер за транспорт и врски, Г-дин Фатмир Битиќи, вицепремиер задолжен за економски прашања и инвестиции, и Г-ѓа Јована Тренчевска, Министерка за труд и социјална политика,

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.