Соседна Грција и понатаму е една од омилените дестинации за одмор на многу Македонци и покрај не пријатните доживувања што ги искусуваат.
Одземањето на таблички и одстранување на ретровизори и стакла на автомобилите, како и шарање по нив летово повторно стана актуелно.
Пред некој ден објавивме дека автомобил на семејство од Србија остан на трупчиња без четири тркала.
Овојпат ни пристига уште една не убава вест од соседна Грција во кој вклучени се неколку македонски семејства.
Како што пренесува Сител ТВ во саботата вечерта шест возила од Македонија се ошт етени во гратчето Переа, во близина на Солун.
Од нив 3 возила се од Скопје, 2 од Прилеп и 1 возило од Битола. Сопствениците кои сакаат да останат анонимни се крајно рево лтирани затоа што иако ја повикале грчката полиција никој не дошол да изврши увид на лице место.
Мештаните пак ги советувале за да не им се случуваат вакви работи да ја покриваат озната НМК на возилата.
Бараат за овој случај итна реакција од македонското МНР и упатување на протестна нота затоа што ова не е прв случај на оште тување на македонски возила во Грција ова лето.
За потсетување претходно сличен настани врз македонско возило имаше во петокот во Ханиоти.
Сопственици на возилата велат дека крајно време е да се престане со ова врз македонските возила во Грција и повикуваат државата конено да преземе нешто во врска со овие случаи.
Исто така бараат од нашето МНР да им помогне каде да се обратат во Грција за да им се надмири шт етата.