На Станојко му ја зеле хармониката од која вадел леб: Плчаев 3-4 дена, не ми беше добро

  • By klaster2
  • јануари 12, 2022
  • 0
  • 382 Views

Станоје Јовановиќ, кој со години свири хармоника во центарот на Славонски Брод, остана без својот инструмент со кој вадел леб.

“Што стана со хармоника? Отидов во народната кујна, побрзав и ја оставив до еден автомобил. Кога се вратив за неколку часа, ја немаше. Плачев 3-4 дена и не ми беше добро” изјави тој за РТЛ.хр

Станоје веќе седум години пее и свири во Славонски Брод. Сепак, од Божиќ ништо не е исто бидејќи останал без својата хармоника а сега свири со позајмена.

“Не беше нешто скапо, но наследството од татко ми е непроценливо. Не можам да ви кажам ништо повеќе, тешко ми е. Ви благодарам ако можете да ми помогнете, ако не можете, ви благодарам уште еднаш”, тажно изјави Станојко

„ А што ќе правам, доаѓам овде и свирам и заборавам малку на неубавите работи, животот и сиромаштијата, се трудам да напреднам но тоа е.

,, Морам некако да го прехранам семејството, во голема сиромаштија сме, музиката ми дава сила и мотив да издржам а покрај тоа и да заработам нешто.

,, Овде сум долги години, претходно работев во една фирма но таа заврши неславно и останав препуштен сам на себе, додава тој.

,, Би сакал да му се заблагодарам на господинот Кристијан што ми ја даде оваа хармоника да свирам, доколку би ја добил мојата хармоника веднаш би му ја вратил оваа.

“Дали тој заслужува нова хармоника? Не една, туку две. Тој е среќен и весел за Бродчани. Ако може некако да се реши… Тоа за него значи живот, се е во неговиот живот”, вели сограѓанинот Шабо.

„Позитивен човек, секогаш му оставам нешто ситно. Поздрав за Станоје, Станоје е легенда. Мора да му се помогне некако, вели друг сограѓанин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.