На Канада и требаат работници од странство: Ќе се даваат визи и тоа во милионска количина

  • By admin
  • ноември 2, 2022
  • 0
  • 281 Views

Канада го зголеми бројот на доселеници кои планира да ги прими, до околу половина милион годишно до 2025 година, со цел да го надомести големиот недостиг на домашна работна сила, информираше министерот за имиграција Шон Фрејзер.

– Канада има потреба од повеќе луѓе – подвлече тој на прес-конференција.

Повеќе од 900.000 работни места се испразнети во голем дел сектори, а невработеноста изминатите месеци падна на историско ниско ниво и во септември изнесуваше 5,2 отсто.

Затоа, Отава планира да даде дозвола за постојан престој за 465.000 лица во 2023, 485.000 во 2024 и 500.000 во 2025 година.

Канадската Влада сака да ги поправи програмите за селекција на потенцијални доселеници, со цел подобро да одговори на големиот недостиг на работна сила во здравството, во специјализираните работни места, во производството, како и во таканаречниот СТЕМ сектор – наука, технологија, инженерство и математика.

Канада има во план и да ги спои семејствата чии членови живеат во странство, но и да прими помалку бегалци.

– Населението на Канада расте речиси двапати побрзо од која било земја на Г7 – додаде Фрејзер.

Истовремено, Канада е пред рекорден бран на заминување во пензија, предупреди пролетта канадското Биро за статистика.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.