Најголемата банка во Германија нема да дава готовина на шалтер

  • By admin
  • јуни 10, 2022
  • 0
  • 395 Views

Како што јавуваат Германските медиуми во повеќето филијали на Дојче банк, готовината веќе нема да биде достапна на шалтер.

„Во иднина повеќе не сакаме да нудиме готовина во филијалите бидејќи чувањето готовина во филијалите предизвикува трошоци“, рече Ларс Стој, директор на одделот за домашни приватни клиенти на најголемата германска приватна банка.

Новиот план на Дојче банк многумина го сметаат за јасен чекор наназад за клиентите.

„Главна задача на филијалата е продажба, советување клиенти за инвестиции, хипотеки, донекаде потрошувачки кредити и осигурување. Тогаш филијалите повторно ќе бидат профитабилни“, заклучи Штој.

Според плановите, банката сака да нуди готовина само во неколку големи филијали. Во повеќето филијали на Дојче банк, парите треба да се достапни само на банкомати.

Од Дојче банк ги потврдија овие наводи за неколку германски медиуми во средата. Портпаролката објасни дека банката ќе го намали бројот на лични готовински расходи во филијалите како дел од нејзината стратешка трансформација во Германија.

Според германската банка, овие планови се одговор на промените во однесувањето на клиентите.

„Кога станува збор за плаќање и општо ракување со готовина, постои јасен тренд на безготовинско плаќање.

Клиентите имаат пристап до националната мрежа на банкомати за снабдување со готовина, а парите може да се подигнат и при купување во многу супермаркети или бензински пумпи“, велат од германската банка, пренесува Феникс Магазин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.