Наместо елитна населба во Скопје жителите добиле кал и септички јами – нема ниту фекална ниту атмосферска канализација

  • By admin
  • јуни 20, 2021
  • 0
  • 9647 Views

На површина од 28 хектари, со опфат на 500 парцели за изградба на семејни куќи населбата „Јака“ во општина Илинден била предвидена да биде елитна каде младите брачни парови ќе изградат дом.

Но, од идеја до реализација остана само калта и септичките јами да потсеќа на обидот за елитна населба каде нема ниту фекална ниту атмосферска канализација.

Жителите од оваа населба рев олтирани, велат прво што направила општината е изградба на гро бишта и обезбедување вода на мрт вите но не и услови за живите луѓе во оваа населба.

Дел од жителите тврдат дека принудени се сами да си плаќаат за инфраструктурни проблеми за што претходно платиле на општина која пак им ветила урбан живот но дека до сега не е асфалтиран ниту еден метар квадратен.

„Одвод немаме, јами копавме, еве не три години живееме тука на јами. Влегуваме ние преку споредни патчиња што се пешачки стази што сами инвестиравме гребан асфалт, тампони што си купуваме сами од џеб. Сите жители на населбата Јака не мачат тие исти проблеми.“ – вели Зоран Стевковиќ, жител во населбата Јака во општина Илинден.

„Ние газиме по кал, имаме септички јами, мали дечиња не можат во школо да ги однесат. Лизгалишта, лизгалишта – платени комуналии, платено се што побараа од нас.

Ако нешто не успеавме на време да го исполниме имавме 130 евра месечно ка зна. Кога ќе ја плаќаат тие нивната казна што сме вака излажани?“ – вели, Горан Тасески – жител во населбата Јака во општина Илинден.

„Значи ние немаме вода за да ги градиме куќите имаме вода во гро биштата, не знам зошто е сето тоа – значи да разбираме дека треба да има и таму вода не ни сметаат нас тие гроб ишта.

Битна, се оомиривме дека ќе има гро бишта, и нема назад. Ама, каде се условите за живите луѓе овде. Јас имам две деца, други имаат две – три деца, небитно каде се условите за децата за нас да едноставно излеземе и не згазиме кал.

За да отидеме ние до центар на градот ни требаат три пара патики и посетуваме две перални за да ги испереме колите и да не бидеме како да сме се симнале од некоја планина.“ – вели, Бобан Филиповски – жител во населбата Јака во општина Илинден.

Додека жителите од населбата „Јака“ тврдат дека општината им ветила соодветни услови за живеење, градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски го тврди спротивното дека проблемот треба да го бараат во Влада.

Градоначалникот, ги демантира тврдењата на жителите дека сами се грижеле за похумани услови за живеење со објаснување дека не можат да очекуваат повеќе кога платиле 1 евра за метар квадратен.

„Проект со куќи, инфраструктурата е многукратно поскапо отколку изградба на една зграда и тоа го знаат сите што купија затоса што вие не можете да очекувате дека за едно евро дека ќе добиете не знам каква инфраструктура и за кратко време.“ – вели градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на ТВ24.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.