Митко Јанчев задоволен од мерката која вродила со плод – кажа и зошто

  • By admin
  • март 17, 2021
  • 0
  • 932 Views

Министерот за здравство денеска соопшти дека на утринскиот состанок на Комисијата за заразни болести било констатирано дека актуелните мерки и рест рикции, односно полицискиот час од 22 до 5 часот, треба да останат и нема потреба во овој момент да се надополнуват. До крајот на неделава ќе се прават дополнителни анализи.

Филипче на денешната прес-конференција потенцираше дека во изминатите четири недели има константо зголемување на бројот на заразени со коронавирус.

„Се наоѓаме во екот на третиот бран, за еден месец бројката е зголемена за 5000. Во болниците има околу 1100 пополнети болнички места, притисокот во Скопје беше навистина голем. Според анализите, треба да остане оваа мерка, ќе даде резултати за 4-5 дена“, рече Филипче.

Македонија се уште ги чека вакцините од Кина и преку КОВАКС системот, а надлежните се свесни дека се доцни со испораката, што доведува до револт кај граѓаните.

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција даде до уверување дека вакцините кои ќе пристигнат во земјава.

„Сите вакцини кои ќе влезат во земјава ќе бидат безбедни. Експертски тим тоа ќе го седи. Утре е закажан состанок на ЕМА во кои ќе се анализираат оние случаи кои повторно се заразиле од вирусот. Свесен сум дека набавката не оди по планот. Побарувачката е поголема, неизвесноста е голема кај сите земји во светот“, рече Филипче.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев утрово даде изјава за ТВ 24 каде што за разлика од многумина, ја пофали сегашната мерка.

„Бројот на позитивни во Кавадарци е во стагнирање, во градинките има само 2 деца позитивни, а од вработените има 5 заразени.

Во основните училиште само 9 ученици заразени, вработени вкупно заразени 7. Во средни училишта 5 позитивни ученици и 3 наставници. Во болницата има 68 хоспитализирани пациенти, со делумна кислородна поддршка.

Мое лично мислење дека мерката од 22 до 05 многу вроди со плод пред се за тинејџерите. Можам да укажам дека угостителските објекти ги контролираме, групирањата не постојат и доволни се како мерки до сега“ – вели Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци во Студио 10 на ТВ24.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.