Ситуацијата со вирусот од ден во ден во Македонија оди кон се потешка. Бројот на лица кои не се изборија за живот се зголемува, како и новите случаи.
Болниците ширум нашата држава забрзано се полнат и се потешко се доаѓа до слободен кревет. Секојдневно на социјалните мрежи сме сведоци со повици за помош.
Пред се се мисли на финаниска помош, а уште еден таков пример ни доаѓа сега.
Митко Гогов од Струмица вчера нешто после полноќ на својот профил на фејсбук сподели дека неговата мајка е хоспитализирана:
Испраќајте позитивни мисли за мајка ми, само што ја примија итно во болница, долга ноќ
Во меѓувреме денес негде околу пладне објави уште еден пост во кој информира дека му е потребна помош за својата мајка:
за жал мама не ја бива, ја носиме итно со амбулантно возило за Скопје, доколку сакате да помогнете, ова е начинот… извинете на грубоста со која споделувам, но не гледам друг начин кога немам скршен денар во џебот.
На Митко му е потребна нашата помош, па искрено се надеваме дека добри и хумани луѓе ќе му помогнат.