Несомнено Тоше Проески е еден од најголмите музички икони, легенда, амбасадор и хуманист кој излегол од Македонија и ја презентирал во светски рамки.
Човек чиј песни се уште се доста слушани не само во Македонија туку на Балканот и пошироко, неговиот ангелски и специфичен глас продре на секаде.
Со посета на неговото вечно по чивалиште, со роденденска торта, со промоции и музичко-сценски настани во спомен-куќата на „Тодор Проески“ денеска во Крушево на Гумење, беше одбележан 41-иот роденден на Тоше Проески.
Среќни поради неговиот роденден, но та жни поради прославата без Тоше, неговите фанови и поддржувачи од земјава и од Балканот го посетија Тошевото гро бно место на Гумење.
Гостин во емисијата ,,Бекстејџ” беше Миро Булјан, истакнат композитор и продуцент име и презиме кое доста познато на балканот.
Досега има соработувано со најголемите балкански имиња меѓу кој и нашиот Тоше, имено Миро работеше на последниот алубм на Тоше Проески насловен ,,Игри без граници”
– Процесот на работа беше доста забавен, мене со Тоше ми беше забавно да работам, тој беше многу музикален и посветен на тоа што го работи.
– Секој изведувач за својот последен албум вели дека му е најдобар но јас би кажал дека неговите најдобри албуми требаа да дојдат отпосле, вели Булјан.
– Кога некој би ме прашал за него јас ќе кажам дека и мојте деца сакам да се такви како него, бидејќи има чиста и детска љубов кон животот и пријателите.
– Во студио работевме по 8-9 часа на ден, кога си таму мора да си максимално сконцентриран на тоа што го работиш бидејќи и една најмала грешка може да чини.
– По работата во студио заминувавме кај мене дома и се релаксиравме, секој на различен начин кој со чаша вино, пи во и слично.
– Но Тоше ќе го искористеше тој момент да кидне и ќе отидеше веднаш до клавирот каде почнуваше да свири, ете таков беше тој, мноуг фокусиран и посветен на тоа што го работи.
– Од се најмногу ми е жал за една работа Тоше што не ја оставри, а тоа е да се оствари како родител, неговиот живот заврши прерано, мислам дека би бил генијален татко, вели Миро.