Миле Кузмановски: Се надевам дека ќе заврши оваа немаштија и луѓето да живеат подостоинствено

  • By admin
  • март 18, 2022
  • 0
  • 418 Views

За Миле Кузмановски познато е дека е еден од нашите најпознати фолк пејачи, пејач со одличен глас, човек кој знае да направи атмосфера на неговите настапи.

Сепак, тој е најпознат по баладите, и некои го нарекуваат кралот на баладите. Најпозната негова песна која е избрана за песна на векот е секако „Не кани ме“, без која не поминува ниту една седенка или прослава.

Но, „Не кани ме“  не е единствениот хит на Миле, ,,Крал без круна”, ,,Роман”, ,,Презиме” и многу други љубовни песни кои ги отпеал во изминатите години, станаа евергрини.

Кузмановски како и своите колеги во изминатите година две се одмори од настапите поради добро познатата ситуација, но сега повторно може да го гледаме и слушаме ширум локалите во нашата држава.

Како што е познато Кузмановски е татко на три ќерки, близначките Ана и Јана кои се средношколки, и Ева која има пет години.

Неодамна Кузмановски даде интервју за „Бекстејџ“ каде на прашање за актуелната ситуација и неговото мислење, тој одоговори:

„Моите мисли во моментов се претпоставам како на сите нели. Се нешто слушаме негативни моменти. Не сум негативец по природа, туку сум многу реален и на проблемите баш им влагам директно.

Но мислам дека ќе биде подобро, дека ќе се тргне оваа пандемија и ова како незнам како да ја нарачема, глобална немаштија.

Гледам многу не среќни луѓе, не среќни лица што не било порано на настапите. Напротив сум гледал среќни, весели луѓе.

Некако се помалку ги има тие. Се надевам ќе се врати ду хот на човекот и дека ќе живее подостоинствено“, заврши Кузмановски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.