Миа Костова: Би дала сѐ да се вратам во моето време, кога сите носевме монтки во разни бои, ама исти

  • By admin
  • декември 12, 2021
  • 0
  • 532 Views

Миа Костова е една од најпознатите ТВ водителки кај нас. Таа долги години беше заштитно лице на Тв магазинот емисијата „Бекстејџ“.

Миа раскажа дека имала само 14 години кога Мартин Трпчевски ја нашол на плажа на Градиште, по што и таа стана дел од тимот на емисијата „99 акција“.

„И до ден- денес сум Миа 99 по телефони, често ми се случува“, рече таа.

Во продолжението од разговорот , Миа раскажа дека „Бекстејџ“ ја одбележал нејзината кариера, на овој ТВ проект таа му посветила 10 години. Потоа откри зошто се повлекла од телевизија.

– Не знам како ќе звучи ова, ќе делува како јас да сум престарена. Но, тоа беше меѓусебен договор помеѓу мене и телевизијата. Дојдоа нови деца на сцената, дојде време кога јас требаше да ги најавам „2 Бона“, а јас не знам кои се „2 Бона“.

Пред некој ден Костова во една од нејзините објави на Инстаграм напиша:

Скопје. А ми недостига некое Скопје од деведесеттите.Ми недостига некој друг мирис кога движиш по улица Македонија.

Ми недостигаат коцките на плоштад. Ми недостига зеленилото и тезгите за Нова Година. Мене ми беше празник кога шетав по тезги со мајка ми и ќе ми купеше милион шноли и ластичиња за коса.

Ми недостига една чешмичка за вода накај оној што фарбаше кожа од камени мост – десно. А тоа ми беше и патот до школо.

До музичко. Ако се решевме по камени мост, касневме од тезги и ситни продавачи на мостот. Ако се решевме да одиме по Гоце Делчев, тогаш знаевме дека ни недостига време, таму немаше ништо и брзо се стигнуваше.

Ми недостигаат зелените трафики со млечна кифла за 10 денари. Ми недостига елката на плоштад, толку голема а никаква. Ми недостига времето кога сите носевме Монтки во разни бои, ама исти. Ми недостига Ивана да може да ме најде само на домашен или на домофон.

Колку што мислев дека доаѓа подобро време, толку би дала сѐ да се вратам во моето време. И горда и благодарна сум што го живеев тоа време.Колку ве имам што го памтат Скопје во 90тите?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.