Кога станува збор за партнерските односи често не сакаме да си признаеме дека стоиме пред непремостиви пречки и дека е време за разделба. Паровите најчесто се разделуваат и секој разумно продолжува по својот пат, но разделбите знаат да бидат и неподносливи. Секоја чест на они кои успеваат да го одржат бракот со години.
Вистината е дека не секогаш бракот може да се зачува со љубов, а особено па кога и родителите ќе вмешаат прсти. Празниците веќе минуваат, на дружбите со семејството им доаѓа крај, но една наша читателка не успеала ни ден да помине со нејзиното семејство. Во продолжение ви ја пренесуваме нејзината семејна приказна.
„Се викам Маја и имам 32 години. Работам во банка на шалтер веќе некое време. Желбата на секој родител е детето да му стане човек, да го воспита, да се образува и да најде пристојна работа.
И после се, да се скраси и да има свои деца. Колку би било сè совршено ако оди по тој ред и ако сè што посакуваме се оствари. Кога бев мала моите родители имаа огромни надежи за мене – очекуваа дека ќе станам успешен човек, најмалку директор на некоја институција, а не работничка на шалтер во банка.
И покрај тоа, се помирив со фактот дека моите родители не беа задоволни од мојот живот и работа, се тешев дека барем ќе имам деца па ќе се радуваат на внуците. Арно ама ни тоа не се исполни, барем не се уште.
Бев навидум во среќна врска, со поранешниот сопруг одевме некои 7 години пред да стапиме во брак. Моите беа многу пребирливи во однос на моите партнери, па конечно имаше зелено светло од татко ми и сите очекувавме дека ќе живееме долго и среќно заедно.
Но, знаете како е, мислите дека ја имате вистинската личност до вас се дури не почнете да живеете со неа. Е тогаш ги воочувате сите ма ни и несовршености и освен ако не се потрудите ретко може да се надминат пре пирките.
Некои ми велат па долго бевте во врска како не си запознала каков е. Тој живееше во странство поради работа, доаѓаше неколкупати годишно и намерата ни беше заедно да живееме таму.
Така и се случи, но човекот како многу да се опушти, уште во првата година од заедничкиот живот почна да се расправа со мене, и двајцата како да сакавме намерно да си ги видиме маните и се препиравме,не сакав дури ни деца да имаме дури не се среди ситуацијата меѓу нас.
Моите родители па настојуваа цело време да родам дете зашто тој бил прилика што не се испушта и дека после тоа работите сами ќе се средат.
Не требало да бидам глу пава и да го оставам заради ситници. Ама само јас си знам каков ми беше животот, па дали поради младоста или самодовербата што ја имав, му побарав раз вод.
Ги средивме документите, се разделивме, јас си се вратив во Македонија, а моите родители беа буквално без зборови. Со сите си ли се обидуваа да не смират, да продолжиме заедно, дури не ми збореа некое време поради тоа.
Не сакав да ги слушам, доста ми беше од нивните очекувања и желби за мојот живот, сега одлучив како јас што сакам. Си најмив стан под кирија, за среќа се вработив во банката и ми е многу помирен животот.
Можеби за некои е ср амно, мажена па разведена, ама не се замарам кој што сака нека си каже. И сега, баш кога сакав првата година по разв одот со моите да ги поминам новогодишните и божиќните празници, од татко ми наидов на затворена врата.
Човекот буквално ми ја тре сна вратата пред нос и не сакаше да ме прими дома за празниците – не се сложува кога не е по негово. Не знам каков родител треба да бидеш за да го направиш тоа, место да ми биде поддршка, тој жа ли затоа што сум оставила маж за којшто сум видела дека не ми одговара.
Мајка ми е поемотивна и го убедуваше да ме прими, но тој не. Како сум можела после се да одам кај нив за празниците, не сум знаела мажот да го сочувам, сега сама да си се соочувам со последиците, така ми велеше.
Уште па ми вели требало од него да си барам и стан и пари и се како негова жена, не можел да ме прими под негов покрив сè дури не бидам попаметна и не го искористам моето право.
Јас на тоа не ни помислував, само многу ме разо чара неговото однесување и мислам дека никогаш нема да се вратам во таа куќа. Навистина несфатливо!“
Обравотил: А.Л Фото: Илустрација.
Авторски текст кој не смее да биде превземан без дозвола од редакцијата на Кластер.мк