Марина: Се преселив во Шведска – овде ми е како во сон!

  • By admin
  • јануари 22, 2022
  • 0
  • 446 Views

Сè поголема невработеност во Македонија, младина без перспектива, вработување по роднински врски, преголеми трошоци, можеме да набројуваме до недоглед.

Најголем број од младите својата иднина ја замислуваат и градат во земјите кои им нудат перспектица и кои им овозможуваат пристоен живот.

До редакцијата на Кластер.мк пристигна животната приказна на наша исленчка Марина која одлучила животот да го продолжи во Шведска, преселувајќи се во градот Халмстад.

„Се преселив во Шведска пред година ипол. Завршив Педагошки факултет и имам B2 ниво на англиски, француски и германски јазик. На почетокот работев како замена со договоро во училишта, каде што за ниска плата морав многу да работам, да се посветам на задачите а од друга страна да бидам максимално искористена и за најмали ситници, како слободни денови или одмор.

Не беа ценети ниту моите дипломи за научен странски јазик. Од тие причини решив дека најдобро за мене ќе биде да ја напуштам работата тука и воопшто државата, зашто работењето државна работа има свои предности но и многу недостатоци.

Како прво, немав јаки врски за да можам да влезам на работа и цело време бев на договори на замена.

Не сакав да работам во фабрика и решив да си ја пробам среќата во странство. Се испостави дека преселувањето во Шведска била најдобрата одлука која некогаш сум ја донела.

Се преселив во Шведска и сега ми е како во сон! Конечно излегов од примитивниот, монотон живот долу. Овде се вреднува и почитува сè, а ако си факултетски образован немаш причина за стра в.

Треба само да се добие дозвола за работа и за престој. Кој не го знае јазикот има можност за учење на шведскиот јазик кој се вика СФИ– програма за учење шведски јазик за ими гранти.

Има четири курсеви од различни степени кои траат околу три месеци, а кој не положи во тие три месеци има можност повторно да полага. Во зависност од претходното знаење и образование се бира нивото коешто го учите. Потоа се учи шведскиот како втор јазик, и на крај гимназиско ниво на шведски јазик кое се ули година ипол и најчесто им треба на оние кои сакаат да работат со факултетска диплома.

Јас прескокнав некои степени зашто добро ми одеше и го завршив и гимназиското ниво кое половина го научив од дома. Не е тежок јазикот, секој кој знае англиски или германски брзо ќе научи зашто се слични.

Тука секогаш има работни места во пицерии, кафичи, продавници и сл., а сите зборуваат англиски така што не ви треба шведски јазик ако почнете веднаш да работите.

Пред некое време читав дека во Шведска се наплаќа и воздухот кој го дишеме – точно е. Но исто така и на сите нас ни се плаќа се. Се вработив го една градинка во која што работат четири воспитувачки со 16 деца.

После интервјуто веднаш бев примена и сакаа да преговараат за платата. Кај нас на пример тоа не се ни спомнува, а тука те прашуваат прво колку ти бараш и очекуваш. Тоа беше нешто ново за мене.

Што се однесува до луѓето и меѓучовечките односи, овде доживеав почитување како никогаш досега во Македонија. Овде сите се почитуваат меѓусебе, има место за сите луѓе, сите се смирени и без стр ес.

Швеѓаните се познати по тоа дека знаат да уживаат во животот, често да одат во природа, на планина и да ги минуваат викендите во мир. Важно е како и секаде да се почитуваат правилата.

А оној кој има знаење, кој е вреден и сака да работи, овде ќе му биде супер! Ми недостасува татковина, фамилијата, пријателите, се ми недостасува понекогаш , но овде сум сигурна, не се оптеретувам со ништо и знам дека ми е обезбедена иднината.

Одам дома неколкупати годишно. Навистина е поладна климата за разлика од кај нас, ама се навикнав. Некои денови беа толку ладни што едвај издржував. Ама, не е се толку страшно.

Секогаш најтешко е да се одлучите да ги спакувате куферите и да заминете од дома, но знајте дека ќе се каете еден ден затоа што не сте го направиле тој чекор.

Не се штедете за работа, бидете вредни и ќе видите колку многу ќе бидете ценети во странство. Не секогаш факултетската диплома ви гарантира убава иднина, кај нас знаете како е, а па ако ја немате, е тогаш ќе си работите за минималец и едвај ќе заштедите некој денар!“

Обработил: А.Л Фото: Илустрација

Авторски текст кој не смее да се превезема без дозвола од редакцијата на Кластер.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.