Малата Лиле од прилепско: Најтешко ми е кога барам храна, но мама нема да ми даде

  • By klaster2
  • јуни 13, 2022
  • 0
  • 588 Views

Маријана Димова потекнува од прилепско Сенокос, со своето семејство живее многу тежок живот голема сиромаштија и неизвесност.

Таа е сирак од својата 11 годишна возраст и како што вели таа нема ништо потешко од тоа уште од дете да си бележан и поттурнат од сите па дури и најблиските.

Од тетката била истерана на улица и спиела под отворено небо. Тешкиот живот ќе и донесе и здраствени проблеми, на млади години ќе отиде на зафат поради ту морот на мозокот.

На 17 години решава да се омажи со цел да си го подобри животот, но ситуацијата ќе и стане дупло потешка. Таа ќе роди четири деца и сите заедно сврзуваат едвај крај со крај.

Јадат само доколку двете кокошки снесат некое јајце, ако не одат гладни на училиште и си легнуваат гладни. Во куќата во која што живеат можат да бидат избркани во секој момент.

Друго големо гајле и е што сопругот е многу бо лен и не може да работи. Исто така Маријана немала пари да заврши ниту средно образование.

– Додека беше татко ми жив коклку толку се крепевме, но откако замина тој, често бев бркана од тетка ми и навре дувана, вели Маријана пред камерите на ,,Срце на Дланка”

– Морав уште многу млада да аргатувам и да одам по ниви со мајка ми која немаше пари да ме издржува. Се омажив и родив четири деца.

– Сопругот не е во добра здраствена ситуација, па поради тоа што морав да седам дома некој период ме набркаа од работа.

Ова семејство живее со само 1.000 денари месечно. Тоа го приморува сопругот иако во таква состојба да оди да собира железо или печурки само за да извади за јадење.

– Од примања имам само додаток за трето дете, а поради тоа што подигнав кредит поради состојбата на сопругот, од тие пари ми остануваат само 1.000 денари.

– Децата често одат со празен стомак на училиште, се тргам настрана од нив за да не ме гледаат и плачам. Кога би работела јас барем ситуацијата би била подобра.

– Не дај боже да се случи нешто со сопругот, јас ќе останам на улица со децата бидејќи неговите роднини цело време ја бараат оваа куќа.

– Се случува да немаме ниту за леб, најосновното. Деца како деца си бараат, но од каде да им дадам. Имам две кокошки ако снесат тие ќе јадеме ако не ништо.

– Бев тажен затоа што немавме за торта на роденденот. Би сакал да имама нови патики, бидејќи овие се испокинати како и облека која ја имам многу малку, вели Максим.

Доколку сакате да му помогнете на ова семејство да излезе од црнилото во кое се наоѓа тоа може да го сторите на 075 304 405 или на трансакциската сметка 240287107700235

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.