Македонците во Австралија се обединија во нов проект – на челот со бизнисменот Оливер Јосески

  • By admin
  • октомври 31, 2021
  • 0
  • 350 Views

Македонскиот рагби тим во Австралија има амбиции да настапи на Светскиот куп во рагби во 2025 година, а евентуален успех на претстојното Европско првенство би обезбедил учество во квалификации.

Како што често се случува во рагби лигата, приказната започнува со пијалак во рака во локална каф еана. И приказната за македонскиот тим во рагби лигата на Австралија не е поинаква.

Со ангажман и посветеност на неколку иселеници од Македонија, формиран е меѓународен рагби тим менториран од тренерот на НРЛ, Шејн Фланаган, заедно со поранешниот капитен на Нов Јужен Велс, Пол Гален.

Во кугларскиот клуб Тарен Поинт, бизнисменот, Македонец Оливер Јосески го иницираше формирањето на македонска рагби тим во Австралија

Рагби тимот е формиран, во неговото раководство се – менаџерот на тимот Кејн Јанакиевски, извршниот директор Оливер Јосески, претседателот Питер Ристевски и претседателот Марк Леви.

Сега, голем број македонски рагби играчи изразиле интерес да бидат дел од тимот,м вклучително и двајца играчи кои се натпреваруваат во Канада, ветеранот на рагби лигата на Њукасл, Рајан Петро и играчот на Вестерн Субербс Магис, Џејмс Мирчески.

Исто така, постојат надежи за регрутирање на младите и талентирани рагби играчи Пантер Пол Момировски и Џејден Саливан, за кој се смета дека има македонско наследство.

Македонскиот рагби тим во Австралија има амбиции да настапи на Светскиот куп во рагби во 2025 година, а евентуален успех на претстојното Европско првенство би обезбедил учество во квалификации.

Според основачот на тимот Јосески, рагби лигата има посебно место за Македонците, бидејќи преку неа нашите иселеници успешно се асимилираат во австралиската култура.

На прашањето зошто рагби лигата е посебна, тој рече: „Односите, другарството – градите пријатели за живот во рагби лигата“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.