Македонскиот музичар открива: Аки утре требаше да допатува во Скопје, да се видиме

  • By admin
  • јануари 22, 2022
  • 0
  • 571 Views

Си замина Александар Рахимовски – Аки, човек со глас кој се препознава меѓу илјадници други. Малкумина имаат таква дарба да бидат препознаени, слушани и сакани, како што тоа беше Аки со групата „Парни Ваљак“ кои твореа заедно повеќе од три децении.

Балканот денеска се збогува со него. Велат, си замина најдобриот, си замина учителот, си замина мајсторот за емоции.

Уште една музичка ѕвезда замина во легендите. Тивко, во Словенија, ненадејно поч ина скопјанецот и еден од најголемите вокали на балканските простори Аки Рахимовски.

Драги пријатели, со неопислива тага во нашите срца, ве известуваме дека денеска, 22.01.2022, за секогаш заспа Аки Рахимовски- објавија од групата.

Рахимовски го предводеше „Парни ваљак“ повеќе од 45 години. Тој е роден во Ниш во 1955 година, но пораснал во Скопје, каде што неговото семејство се преселило кога бил мал. Тука почнал да го стекнува своето музичко образование, учејќи клавир и пеење.

По доаѓањето во Загреб бил член на неколку групи, пред да го запознае гитаристот и композитор Хусеин Хасанефендиќ, со кого во 1975 година ја основал групата „Парни ваљак“, која низ годините ќе стане една од најпопуларните во поранешна Југославија, а Рахимовски еден од најдобрите фронтмени.

Фронтменот Рахимовски, со „Парни Ваљак“ со децении ги освојуваше срцата на публиката, со оваа група сними десетици албуми продадени во стотици илјаден тираж, со огромен број концерти во поранешна југославија и надвор од земјата.

Аки велеше дека Македонија му беше како втора татковина и често беше гостин во нашата земја. Се истакнуваше со вонсериски глас и настап на сцената.

-Тој требаше утре да допатува во Скопје да се видиме, а во план беше и нова музика. Нема зборови со кои би ја опишале та гата. Тој беше искрен, голем пријател и добар човек и покрај фактот дека беше најм аркантната рок икона.

Огромна легенда и гласот на најубавите песни со кои живеат генерации на Балканот и пошироко во своите најубави и тажни моменти. Го започна својот музички пат во Скопје каде и беше роден, со музичката група „Тор“ заедно со Гаро, Црногорец и Ани, за подоцна да замине во Хрватска каде стана вокал на легендарните рок гиганти „Парни Ваљак“, а останатото е историја.

Беше крал и авторитет на големите сцени и арени“, изјави за Женски магазин музичарот Диран Тавитјан, евоцирајќи спомени од нивната семејна дружба со Аки, брат му Гаро и татко му Гарабет.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.