Кристина Арнаудова: Отворете ги вашите срца за да Баба Мица и нејзините три внуци добијат нов дом

  • By admin
  • март 16, 2021
  • 0
  • 1173 Views

Пејачката и автор Кристина Арнаудова веќе со години успешно стои зад здружението „Проект среќа“. Нејзината лична приказна од детството ѝ ја поттикнала желбата денес да им помага на другите.

Таа веше е докажан хуманист кој веќе зад своето име има остварено низа големи дела со кои помогнала на многу семејства.

,Проект Куќа произлезе од проектот „Топол дом за сите“ кој моето здружение Проект Среќа го започна во декември 2019 година. Идејата беше да се реновираат или изградат од ново домови, каде живеат семејства со деца, во многу тешки услови, без основни услови за живот.

Одзивот на јавноста да се вклучи во овој проект беше речиси непостоечка. Но ние не се откажавме. Знаев дека ова може да профункционира (не со таква динамика како во останатиот дел од светот и со таков ентузијазам, но со голем труд, сепак е можно).

Денес Арнаудова преку видео порака се огласи и сподели убава вест и воедно упати апел во кој што таа вели:

Драги пријатели, Проект Куќа започна со работа! Моментално сме во Карпош 1 каде градиме дом за Баба Мица и нејзините три внуци за кои таа сама се грижи.

За жал имаме недостаток на донации, немаме се уште санитарии, немаме доволно мебел, бела техника…. Затоа отворете ги вашите срца и вклучете се, за заедно да изградиме среќа и топол дом за стотици деца!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.