Компании во Австрија започнаа да делат бонуси по 3000 евра од работник

  • By admin
  • август 30, 2022
  • 0
  • 430 Views

Австриската влада уште во средината на јули донесе мега пакет мерки за помош против зголемената инфлација и трошоците за живот со вкупна вредност од шест милијарди евра.

Исплатата првично беше најавена за октомври, но медиумите јавуваат дека таа наводно би можела да дојде веќе во септември.

Една од мерките што ја изгласаа претставниците во Виена е секоја компанија да има можност на своите вработени да им исплати еднократна стимулација, односно бонус, во износ од најмногу 3.000 евра по лице во нето износ.

Многумина беа скептици дека ќе се најде компанија која ќе го стори тоа, меѓутоа, една компанија од Штаерска го докажа спротивното.

Според „ Клеине Зеитунг“ , фабриката за хартија Бригл Бергмеистер од Никласдорф во Штаерска сега е една од првите компании што го направила овој чекор и плаќа бонус за трошоците за живот од максимум 3.000 евра на секој од нејзините приближно 520 вработени.

1,5 милиони евра одат од касата на компанијата во џебот на работниците, пишува магазинот „Феникс“.

И тоа без никакви одбитоци, бидејќи благодарение на државната мерка премијата е ослободена од даноци, надоместоци и придонеси.

„Значи, бруто за нето“, вели среќно извршниот директор и финансиски директор Максимилијан Лугер.

Ко-извршниот директор, Маркус Баумер сака да им се заблагодари на вработените и дополнително да ја зајакне позитивната работна атмосфера:

„И покрај сите тешкотии предизвикани од кор оната, достапноста на суровини и во јната во Украина, никогаш не моравме да ги затвориме погоните благодарение на голема посветеност и многу висока лојалност на нашите вработени“.

Позитивен резултат во првата половина на 2022 година сега овозможува исплата на таа сума.

„Сумата ја искористивме во целост бидејќи ни беше дозволено од претприемачка страна, а можеме и поради општите услови“, вели Бамер.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.