Преку ден ѝ служи на Армијата, попладне згрижува бездомни кучиња. Кемал Незири се грижи за 60 кучиња во шелтерот „Happy Shelter“ лоциран во предградието на Скопје.
Преку редовната работа во Армијата на Република Македонија, Кемал преку ова здружение храна и живеалиште за бездомните кучиња.
– Целата нер воза што ја имам преку ден и доаѓам овде и енергијата ми ја земаат кучињата. Кај нас се уште е проблем, а се надевам дека еден ден ќе се разбуди свеста кај граѓаните
– Затоа што кај нас се зема куче и се вдомува само за мали деца, само за роденден и после тоа си оди надвор и оди на улица, вели Незири за ,,Види Вака”
Моментално во здружението ,, Happy Shelter” има 60 кучиња кои чекаат на вдомување. Досега околу 80 кучиња од овде се вдомени во странство а околу 20 овде.
– Има многу приказни но приказната ни завршува кога ќе видиме дека кучето се вдомува и е среќно. Е тогаш веќе се што сме поминале и добро и лошо оди во заборав.
– Ние сме имале кучиња што сме морале да ги храниме уште од бебиња, на секој два часа млеко, сега тие кучиња се среќно вдомени.
Незири учествувал и во многу акции како што се спасување на кучиња кој се во не волја. А чуството по успешно завршената акција е неописливо.
– Еве последната акција која што бевме, е кога кучето моравме да го извадиме од една цевка каде се беше заглавило, успеавме во намерата, додава Кемал.
– Има проблем овде кај нас, најпрво ќе го вдоми кучето и после некој период ке ти се јави и ќе рече ,, Да ти го вратам кучето во шелтерот или да го пуштам на улица”
– Имам и апел за тие што имаат куче и сакат да го остават на улица, да се замислат прво, да се стават на нивно место и како би било нивните деца да ги остават на улица.