Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во ноември 2021 година, изнесува 43 509 денари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во ноември 2021 година, во однос на ноември 2020 година, изнесува 105.8.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите
Највисока нето плата во ноември лани имале информатичарите и програмерите. Според Државниот завод за статистика просечната плата во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности изнесува 74.062 денари или околу 1.204 евра.
Програмерите всушност се единствената професија со просечна плата повисока од илјада евра месечно.
Во топ 3 најплатени професии влегуваат и вработените во воздухопловството и во фармацијата.
Просечна плата во секторот Воздухопловен транспорт е 52.032 денари (околу 847 евра), додека во секторот Производство на фармацевтски производи и фармацевтски препарати таа изнесува 47.086 денари (околу 767 евра).
ДЗС објави дека во ноември лани просечната плата изнесува 29.130 денари (околу 474 евра), додека просечната месечна исплатена бруто-плата (со здравствено и пензиско осигурување и данок) била 43.509 денари или околу 707 евра.
Банкарските службеници и вработени во финансиските институции се на 5-тото место односно во секторот финансиско-услужни дејности без осигурување и пензиски фондови, ноемвриската просечна нето плата изнесувала 46.114 денари.
Во складирањето на стоки и нивен превоз во просек земале 157 денари повисоки плати од банкарите односно по 46.271 денар.
Најголемо зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен имало во секторите: Стручни, научни и технички дејности (14.4 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (11.5 %) и Информации и комуникации (11.3 %).