Ица од Штип: Во голема неизвесност сум, ако заминам јас од овој свет, ќерката нема кој да ми ја чува

  • By klaster2
  • март 27, 2022
  • 0
  • 559 Views

Ица Сарпанова од Штип е мајка на дете со посебни потреби. Ќе жали цел живот затоа што не останала со детето во Германија бидејќи таму би оздравела.

Денес таа трга со своето дете, во голема неизвесност и стр ав на кому ќе го остави детето по нејзиното заминување од овој свет.

Таа четири децении се справува со дијагнозата на ќерка си Кристина. Животот не бил фин со неа ниту пак и понудил поводи за насмевка.

Додека сопругот бил жив, тие биле заедно потпора на ќерката, но откако тој заминал во вечност, ситуацијата како финанисиски така и здраствено и паѓа на многу ниско ниво.

И кога годините и се зголемуваат и со тоа и бо лестите, Ица е доста загрижена и не знае како ќе продолжи. А ниту пак да си помисли да отиде се лекува бидејќи нема кому да ја остави Кристина.

И кога решиле да заминат во Германија со цел да си го подобрат животот, како и да се спаси ќерката, по некое време ќе им се укине правото на азил.

Им образложиле дека и во Македонија има установа каде ќе може да се лекува дијагнозата на Кристина, тие се враќаат овде и од тогаш ситуацијата на Кристина станува само полоша.

– Ќерка ми се роди како здраво дете, а првите симптоми започна да ги прикажува на 6 години. Решиве да одиме во Германија.

– Таму бевме 6 години и кога требаше да се продолжи прстојот, тамошните власти пратија писмо до нашите со порака дали има услови во Македонија да се лекува Кристина.

– Нашите пратија позитивен одговор, но кога дојдовме овде немаше никакви услови, и се уште трдам да бевме во Германија ќерка ми ќе застанеше на нозе.

– Кога беше сопругот жив, се справувавме одлично. Кристина до скоро немаше никаква инклузија, сега по протестите од пред три години започна да се меша со други луѓе.

– Сме ја воделе и на одмори и на бањи каде ситуацијата и стана доста подобра имавме и специјален автомобил, но откако замина сопругот, како да заминавме и ние.

– Веќе една година сум без сопругот, многу ни е тешко, последните негови зборови беа ,, Чувај се за да ја исчуваш Кристина”, вели Ица во солзи пред камерите на ,,Срце на Дланка”

Кристина одбива да јад и пие по та га за татка си. Но потешко нема од тоа да нема на вакво дете да му обезбеди храна и огрев, а камоли нешто да купи за да ја израдува.

– Пред еден месец ми се сло ши, се молев да оздравам што побрзо нема на кого да ја оставам ќерката, едноставно се пла шам да се разболам, ако ме нема мене нема кој да ја чува.

– Често се случува да снемам пари, за Божиќ, останав без пари и една пријателка од Белгија ми пушти пари за да го поминам месецот.

– Голема желба ми е да се отвори дневен центар, да може соодветно да живее ќерка ми. Да можам да заминам во друга држава веднаш ќе заминам, овде ниту 5 минути не седа, тука ништо не функционира.

Доколку сакате да му помогнете на ова семејство тоа може го направите на 077 569568 или на жиро сметката 210501703895744 НЛБ Банка

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.