Источна Македонија и понатаму се празни – ако порано одеа сезонски, сега заминуваат трајно

  • By admin
  • септември 26, 2021
  • 0
  • 2420 Views

Расте трендот на иселување на граѓаните од источниот дел на земјата. Во потрага по егзистенција масовно се испустуваат селата во општините Виница, Берово и Делчево.

Крајна дестинација за македонските иселеници најчесто е Италија или Словенија. За разлика од порано кога одеа само на сезонска работа, сега заминуваат трајно со своите семејства. Ниту Ковид пандемијата не ги поколеба да се вратат во своите родни огништа, пренесува ТВ Сител.

– Не, не се враќаат. Не смеат ни да се вратат. Си купија таму станови и ќе си останат да си живеат, граѓанин на Делчево.

Поради економската криза, малкуте млади луѓе кои останаа едвај врзуваат крај со крај.

– Синот ми е без работа, го избркале, работеше овде во една фабрика. Не е ниту женет, а што и да се жени, со што ќе ја прехранува сопругата, таа жена ќе бара се, а од каде, граѓанка на Делечво.

– Треба фабрики да се отвараат, треба странски инвестиции, само така ќе дојде подобро утре за нашиот град, граѓанин на Делчево.

Според статистиката на Еуростат, последните две децении од Македонија во западно европските земји мигрирале над 450 000 наши граѓани. Резултатите од пописот кој е во тек, треба да ја покажат точната бројка на иселеници.

Овде се едуцираат, а сонуваат за надвор. Речиси секој втор студент по медицина учи германски јазик. Во државата се останати само оние кои успеале да се вработат во државни институции или во наследство добиле имот од родителите, пренесува ТВ Алфа.

Фабриките се затворени, а во тие што работат се дава плата само како да се преживее. Во секое семејство има по еден гастрабајтер, велат жители на Делчево, град кои високо котира на скалата по иселување на младте кои својата иднина ја обезбедуваат вадејќи бугрски пасош.

„Млади слабо. Сeга ќе видите на пазарот колку млади има. Останати се само стари. Младите избегаа оти нема што да работат. Се затворија фабриките, а не им се работи земјоделие“.

Фото: ТАВ Скопје фејсбук

„Сигурност! Егзистенцијата е многу важна. Младите знаат дека некаде има подобро и си го бараат тоа“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.